fbpx

Maserati Levante дел од Гинисов рекорд за брзина

Британецот Џејми Бароу се запиша во Гинисовата книга на рекорди, откако стана најбрз сноубордер во светот

За да го постави рекордот тој беше влечен од Maserati Levante.

Ова достигнување беше забележано на замрзнато езеро во близина на Сент Мориц (Швајцарија). Во една насока, сноубордерот разви брзина од 151,57 km/h, а во спротивна насока- 147,72 km/h. Така, Гинисовата книга забележа просечна брзина од 149,65 km/h. Тоа е 50 km/h повеќе од претходниот рекорд- 99,87 km/h.

Користениот Maserati Levante беше опремен со специјални зимски гуми Pirelli Scorpion, секоја со 474 одделни столпчиња. Трасата претходно беше расчистена од машини за снег за да се зголеми траекторијата. За оваа цел Levante беше спакуван со 3.0-литарски бензински би-турбо V6 мотор кој развива 430 КС.

Maserati Levante

Поврзани вести

Back to top button