Њујорк 2018: Maserati со срце од Ferrari

Деби на штандот на Maserati на автомобилскиот салон во Њујорк одбележува новата топ-верзија на луксузниот теренец Levante на Maserati, кој е опремен со мотор рачно составен од техничарите на Ferrari

Под хаубата на новиот Maserati Levante Trofeo е монтиран 3.8-литарски Twin Turbo V облик, осумцилиндерски мотор кој е комбиниран со систем за погон на сите четири тркала. Со максимална моќност од 590 коњски сили и вртежен момент од 730 Nm, луксузниот SUV модел на легендарната марка е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3.9 секунди и да развие максимална брзина на движење од над 300 km/h . За запирање од 100 km/h до 0, потребни се само 34.5 метри.

Maserati Levante Trofeo се разликува од стандардните претставници на моделот со нов агресивен изглед на надворешниот карбонски пакет, 22-инчни алуминиумски тркала, ексклузивно креирани нови елементи на ентериерот со спортски седишта и кожен тапацир, луксузен Bowers & Wilkins аудио со 17 излези и 1.280 вати и други.

Друга интересна карактеристика на Levante Trofeo е новиот спортски режим на однесување Corsa, кој доаѓа со функција за оптимално поаѓање од место Launch Control. Производството на Levante Trofeo ќе започне во текот на летото, а првично возилото ќе биде наменето само меѓународните пазари на компанијата, со главен акцент на САД и Канада.

Maserati

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close