fbpx

Maserati со нови модели во процесот на електрификација

Компанијата ги објави плановите за производство на првите хибридни и батериски-погонувани модели, вклучувајќи електричен спортски автомобил и нов SUV

Спортскиот автомобил ќе биде изграден во фабриката на Maserati во Модена, северна Италија, која е прилагодена да го прифати новиот електричен погон. Производителот не објави дополнителни детали за автомобилот, но се очекува да биде ривал на оние како Ferrari F8 Tributo и Lamborghini Huracan.

Првите очекувања за новиот модел беа тој да претставува производна верзија на Alfieri концептот претставен на Саемот во Женева 2014 година, но минатиот месец извршниот директор Харалд Вестер на едно интервју на ова прашање одговори: „Не, тоа ќе биде спортски автомобил во согласност со наследството на Maserati“. Спортскиот автомобил ќе има и своја бензински-погонувана верзија која ќе се појави пред електричната варијанта, односно во 2020 година.

Новиот SUV модел ќе започне со производство во почетокот на 2020 година во фабриката на FCA во Касино, централна Италија, каде е изграден и Alfa Romeo Stelvio. Фабриката ќе добие нова производна линија за SUV која ќе може да поддржи електрифицирани автомобили. Овој модел се очекува да излезе во продажба кон почетокот на 2021 година како ривал на Porsche Macan.

Maserati

Следната година Maserati исто така ќе го лансира и својот прв хибриден автомобил, електрифицирана верзија на својот седан Ghibli, кој се очекува да биде plug-in хибриден модел. Granturismo coupe и GranCabrio convertible ќе бидат заменети со два целосно-електрични модели кои ќе се произведуваат или во Грглиаско или Мирафиори во Торино, изјавија од Maserati.

Сите нови модели на Maserati, вклучувајќи ги и ажурирани тековни модели, ќе понудат автономни возни способности, започнувајќи со делумно автоматизирање на Ниво 2, напредувајќи кон Ниво 3, каде што автомобилот може да маневрира во и надвор од лентите или да го запре автомобилот, ако возачот не е во можност да ја преземе контролата врз истото.

Електрификациската инвестицијата на Maserati е дел од планот објавен од FCA минатата година, за чија цел компанијата ќе потроши 5 милијарди евра во Италија помеѓу 2019-2021 година.

Maserati

Поврзани вести

Back to top button