fbpx

Maserati со видео тизер го најави Ghibli Hybrid

Италијанскиот производител на луксузни автомобили лансираше видео тизер во кој се најавува новиот хибриден модел на компанијата Ghibli

Maserati во 2018 година ги откри своите планови за нови возила кои според најавите ќе бидат развиени, електрифицирани и произведени во Италија, а автомобилските ентузијасти со нетрпение ги очекуваа резултатите. Станува збор за модели со хибриден и електричен погон, со комбинација на типичните возни карактеристики на Maserati. Maserati се насочува кон автомобили со хибриден и целосно електричен погон, а според најавите, возилата ќе имаат батерии од најновата генерација што придонесува за голема автономија со едно полнење и можности за побрзи полнења. Според тизерот кој го објави Maserati, прв кој ќе мине фазата на електрификација е Maserati Ghibli.

Освен тоа, од Maserati потврдија дека ќе продолжат да ја унапредуваат својата актуелна понуда која ги вклучува моделите Levante, Quattropuorte и Ghibli, a токму последниот модел, како што напоменавме, прв ќе добие хибриден погон. Ghibly Hybrid требаше да биде претставен во април годинава на Салонот во Пекинг, но настанот беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Според тизер видеото кое Maserati го објави, моделот Ghibli ќе пристигне со plug-in хибриден погон. Измените на возилото меѓу останатото предвидуваат и ревидирана хауба и промени во внатрешноста каде се очекува дигитална инструмент табла и поголем екран од инфозабавниот систем.

Точниот датум на претставувањето на plug-in хибридниот Masearti Ghibli се уште не е познат, но се очекува тоа да се случи набрзо. По Maserati Ghibli Hybrid, на сцената ќе стапат и хибридните верзии на моделите Levante и Quattropuorte, a се очекува и престојниот MC20 да добие своја plug-in хибридна варијанта.

 

Поврзани вести

Back to top button