ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Масовно бегство на водечките инжинери од Opel

Раководството на Opel ја прекина регулативата со која беше понудена можност за одредена „отпремнина“ доброволно да се напушти компанијата, откако се покажа дека многу од водечките инженери максимално ја искористија и заминаа да работат кај конкурентите

Мерката беше воведена по преземањето на Opel од групацуијата PSA Peugeot-Citroen, за да се обештетат планираните 3.700 отпуштени работници поради технолошки вишок. Новите сопственици понудија огромни придобивки за оние кои доброволно ќе си заминат, меѓутоа, наместо оваа мерка да се добие на популарност меѓу обичните работници, оваа шема ужива зголемен интерес кај постарите инжинери во компанијата.

Неколку клучни експерти од Риселсхајм работат за ривалите како што се BMW, Jaguar Land Rover и производителот на компоненти Continental.

инжинери

Затоа шефовите на PSA објавија дека привремено ги суспендираат бенефициите додека не преговараат за нивните услови со синдикатите, објави Ројтерс. „Имаме масовно бегство на високо квалификувани вработени и не можеме веќе да ја вршиме својата работа беспрекорно, се вели во белешка од персоналот испратениа до одделот „Човекови ресурси” на Opel. Канцеларијата за човечки ресурси потврдува дека добиле околу 1.000 апликации за предвремено ослободување со вкупно 19.000 вработени на Opel во Германија.

инжинери

Меѓу најзначајните имиња што зи заминаа од Opel се Андреас Ципсер, главен инженер за новата генерација Insignia. Сега е шеф на развојот на подизведувачот Veritas. Ралф Ханапел, поранешен шеф на програмата за електрична енергија на Opel, моментно работи за Jaguar Land Rover. Главниот инженер на компанијата, Егор Томаски, замина во BMW во декември, а Continental го донесе Флоријан Кох, креаторот на најновата генерација на мултимедијални системи во Opel.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close