fbpx

Mazda ја подготвува премиерата на следната „тројка”

Следната генерација на Mazda3 ќе дебитира за време на автосалонот во Лос Анџелес оваа есен, пишува весникот AutoExpress, кој открива и детали за возилото

Сегашната генерација дојде на пазарот во 2014 година, но во последниве години продажбата падна. Во Европа тоа не е толку забележливо: 49.766 примероци во 2015 година, 45.889 во 2016 и 43.794 во 2017, но во САД работите се доста полоши за моделот: 107.885 во 2015, 95.567 во 2016 и 75.018 минатата година. Затоа Mazda се надева дека со промената на генерациите ќе можат да ја подигне и заинтересираноста за моделот.

Тој ќе се базира на концептот Kai, кој ќе подлежи на мали промени за да биде прилагоден на производствените серии. Следната „тројка“ ќе бидат првиот модел на Јапонците изграден на новата платформа SkyActiv Vehicle Architecture. Покрај тоа, Mazda3 ќе дебитира со нов мотор – SkyActive-X, развивајќи 187 КС и 230 Nm вртежен момент. Класиците од SkyActiv-G и SkyActiv-D остануваат во моделот.

Mazda

Поврзани вести

Back to top button