Mazda со прототипен EV на Саемот во Токио

На Саемот за автомобили во Токио следниот месец, Mazda ќе претстави прототипна изведба на целосно електрично возило

Според портпаролот на Мазда, Јошиказу Нагаи, голем број електрични прототипи ќе бидат изложени и достапни за тест-возење на саемот за автомобили во Токио идниот месец.

Прототипни варијанти ќе го користат обликот на CX-30 компактниот кросовер, но ќе бидат базирани на новата архитектура за електрични возила. Како и да е, Нагаи потврди дека возилото ќе биде целосно нов модел, а не само електрифицирана верзија на CX-30.

Она што е познато е дека прототипните автомобили ќе бидат опремени со 35,5 kWh батериски пакет и електричен мотор кој обезбедува 142 коњски сили и вртежен момент од 264 Nm. Конкретните бројки околу возниот опсег се сеуште непознати, но според големината на батеријата, може да се очекува тој да се движи помеѓу 160 и 240 километри.

Новиот EV на Mazda ќе се продава и во стандардна и во верзија со проширен опсег. Првата ќе биде насочена кон пазарите како Јапонија, Европа и Кина, додека пак втората ќе биде насочена кон Америка, каде клиентите обично бараат поголем опсег од нивните електрични возила.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close