fbpx

Mazda започнува со производството на електричниот MX-30

Mazda во Јапонија започна со производството на модерниот SUV Mazda MX-30, својот прв електричен автомобил

Новиот Mazda MX-30 е создаден како одговор на се поголемата побарувачка на електрични возила во Европа, а фактот што претставува SUV, само дополнително оди во прилог на Mazda поради тоа што овој сегмент ужива огромна популарност на Стариот континент.

Електричниот модел MX-30 е опремен со e-Skyactiv новата технологија на Mazda за електрична мобилност. Погонскиот склоп со погон на предните тркала комбинира електричен мотор со моќност од 145 КС со 35,5 kWh литиум-јонска батерија, што покрај добрите перформанси кај новиот SUV придонесува и за автономија на движење од приближно 200 километри според WLTP стандардите.

Одмерен на начин да обезбеди оптимална рамнотежа меѓу автономијата која на купувачите им овозможува опуштено возење и емисија на CO2 од LCA (Live-Cycle Assessment) перспектива, батеријата може да се наполни до 80 проценти во рок од приближно 40 минути со помош на брз полнач.

Skyactiv архитектурата на новата Mazda MX-30 е посебно скроена со цел да го пополни пријатното и тивкото однесување на електричните возила. Во комбинација со новиот i-Activsense безбедносен систем, новиот SUV на возачот ќе му понуди уникатно возачко искуство.

Mazda MX-30

Новиот израз и дизајнерски јазик на Mazda наречен Kodo ја засилува оваа насока на јапонскиот производител во развојот на погонските технологии. Изразено едноставниот дизајн го нагласува MX-30 како цврста форма, додека вратата без среден столб го истакува големиот простор во кабината.

Ергономски исклучителната внатрешност содржи кокпит насочен кон самиот возач, независна централна конзола, првиот клима-уред на Mazda со екран на допир од 7 инчи, како и низа на нови, еколошки прифатливи материјали

Mazda MX-30 ќе биде достапен за нарачки од оваа есен.

Поврзани вести

Back to top button