fbpx

McLaren Artura со официјална премиера

По долгата кампања и најава за својот прв plug-in хибриден суперавтомобил, McLaren сега и официјално го претстави моделот Artura

McLaren го прифати предизвикот да создаде продукциски хибриден суперавтомобил кој може да му помогне на брендот да направи силен чекор кон електрифицираната иднина, инженерите на McLaren навистина дадоа се од себе, а она што е нивни краен резултат со сигурност ќе ги балансира потребите на иднината со очекувањата поставени од страна на другите суперавтомобили на брендот. McLaren и официјално го претстави својот plug-in хибриден суперавтомобил Artura.

Artura е суперавтомобил кој тежи околу 1.469 килограми и до „стотка“ стигнува за околу три секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 330 километри на час. Во срцето на погонскиот склоп на новата Artura e целосно новиот 3,0-литарски V6 битурбо бензински мотор на McLaren кој испорачува 585 КС и 585 Nm максимален вртежен момент. Најголемиот дел од компонентите во моторот се направени од алуминиум, со што тежи само 160 килограми.

Нова погонска технологија

Конвенционалниот мотор работи во одлична хармонија со новиот осовински електромотор кој е поставен во куќиштето на трансмисијата. Станува збор за помал и помоќен од конвенционалнен електромотор и генерира 95 КС и 225 Nm вртежен момент. Моќноста ја црпи од литиум-јонската батерија со капацитет од 7,4 kWh, што овозможува чисто електричен опсег на движење од 30 километри. Треба да се напомене дека менувачот користи моќ и од моторот и од електромоторот. Тоа значи дека во EV режим, моторот може да биде целосно исклучен од тркалата, додека при ниски брзини електромоторот се користи за да ги „порамни“ промените на трансимсијата со двојна спојка. Освен тоа, McLaren вели дека Artura е дизајнирана со целосни PHEV карактеристики. Батеријата на автомобилот може да се наполни до 80 проценти од капацитетот за 2,5 часа со стандарден кабел, а исто така може да се наполни и од конвенционалниот мотор зависно во кој возачки режим се вози.

McLaren Artura

Друга новина е новиот E-diff, кој е клучен за справување со инстантниот вртежен момент кој го нуди електромоторот, а благодарение на E-diff може да се заклучи или да го пренасочи врежниот момент со цел да помогне со подобро справување во свиоците.

Со цел да заштеди на тежината, но и да добие подобри перформанси, McLaren сакаше да постави „кратки“ брзини. Ова значи додавање уште една, осма брзина во трансмисијата, но вкупниот број и понатаму останува ист. Имено, новата трансмисија со двојна спојка има 8 брзини и тоа е тоа. Наместо „рикверц“, електромоторот едноставно работи обратно и го движи автомобилот наназад.

Нова платформа

McLaren Artura е првиот модел кој е поставен на новата MCLA платформа која е создадена во McLaren Composites Technology Centre и претставува нов стандард за напреден флексибилен дизајн на монокок шасијата за компанијата. Шасијата исто така е нова и е нешто досега невидено кај McLaren автомобил, а благодарение на користењето на карбон, тежината на истата е драстично намалена.

McLaren Artura

Одличната работа на инженерите е комплетирана со дизајнот на екстериерот. Предниот дел е поставен ниско, додека задниот дел нешто повисоко, со што се добива став на чистокрвен суперавтомобил, а изгледот се комплетира со заштитните и препознатливи врати на McLaren. Компанијата успеа својот дизајн, кој ги краси останатите автомобили на брендот, да го развие и да го однесе на едно ново ниво со Artura, чиј облик е извајан за оптимизирање на перформансите и да управува со протокот на воздух со цел да се постигнат максимални аеродинамички перформанси. Купувачите, исто така, ќе можат да изберат меѓу 31 боја на екстериерот, а ќе можат и да си избираат карбонски делови индивидуално, или пак во пакет. Суперавтомобилот е поставен на 19-инчни тркала напред, односно 20-инчни тркала позади.

McLaren Artura

Пристигнува на есен

Во внатрешност McLaren подготви „револуција“, како што велат самите, каде кокпитот повеќе од било кога е насочен кон самиот возач. Artura пристигнува со греење на седиштата, а како опција се нудат и Clubsport лесните спортски седишта, кои имаат дополнителни можности за подесување. Селекторот за возачки режими, кој ги задржува одвоените Powertrain и Handling контроли, сега е префрлен на инструмент панелот пред возачот. Управувачот е сочуван од непотребни копчиња, но возачот се уште има можност да ги подесува возачките режими без да ги тргне рацете од управувачот.

McLaren Artura

Тука е и целосно новиот инфозабавен систем на McLaren, MIS II, кој користи два екрани со висока резолуција, а интерфејсот е изграден на целосно нов софтвер и хардвер. MIS II вклучува и унапредени верзии на McLaren апликации, меѓу кои и McLaren Track Telemetry и Variable Drift Control.

McLaren Artura

McLaren Artura ќе се најде во продажба во третиот квартал од оваа година, а почетната цена на домашниот пазар во Велика Британија стартува од 185.500 фунти.

Поврзани вести

Back to top button