fbpx

McLaren дизајнираше Супер Гаража вредна 13,5 милиони

McLaren и Pendry Residences West Hollywood ги здружија силите за да изградат уникатна и единствена Супер Гаража

Британскиот производител на автомобили McLaren заедно со Pendry Residences го претставува своето дело како ексклузивен комфор за оној среќник кој ќе се одлучи да го купи луксузниот пентхаус на два ката познат како Terrace Estate 608, a гаражата зафаќа површина од 160 квадратни метри.

Наречена The Show Room, гаражата во себе има бања и простор за пет различни возила. Исто така пристигнува со дизајнерски „џепарлак“, така што купувачот ќе може да ја персонализира гаражата по свој вкус. Од компанијата велат дека ова ја вклучува и „опцијата да се креира ултимативна McLaren гаража дизајнирана од EYRC Architecture во соработка со McLaren Automotive“.

McLaren

И додека гаражата е подобна за персонализирање и прилагодување, рендерите најавуваат дека може да има и кружен изложбен простор за да уживате во уникатната колекција на автомобили. Тука е и просторот за седење и забава, како и стилскиот бар кој се наоѓа во склоп на гаражата.

Оваа гаража е споена со домот преку приватен лифт. Резиденцијата се протега на површина од 280 квадратни метри и содржи три соби, три бањи и огромна тераса.

McLaren

Резиденцијата и гаражата се продаваат во пакет за 13,5 милиони евра. Ова не е мала сума, но купувачот ќе добие и едногодишен лизинг на McLaren 765LT. Автомобилот не останува трајно во сопственост на купувачот на гаражата, од McLaren потенцираат дека „само 765 вакви модели ќе бидат достапни на глобално ниво, а годинешното производство е веќе распродадено, со што пристапот до овој модел е навистина несекојдневно и ексклузивна можност за еден автомобилски ентузијаст да додаде нешто мошне специјално во својата колекција“.

Автомобилскиот производител исто така додава и McLaren Senna електричен детски автомобил во целиот пакет.

Поврзани вести

Back to top button