fbpx

McLaren F1 е симнат од тронот, Speedtail е новиот крал на брзината

Развојот на McLaren Speedtail продолжува со забрзано темпо, а компанијата веќе го смета за достоен наследник на легендарниот модел F1

McLaren ги објави деталите од својот прототип XP2 и потврди дека ја надминал брзината од 400 километри на час повеќе од 30 пати со главниот тест возач Кени Брек зад воланот, додека инженерите ја усовршувале динамичката особина на автомобилот на големи брзини, на брзинските тестови одржани во NASA вселенскиот центар во Флорида. Иако P1 исто така беше бескомпромисен хиперспортски автомобил, сепак McLaren Speedtail се смета за достоен наследник на легендарниот модел F1.

Првите автомобили кои се подготвени за купувачите влегуваат во фаза на производство во Mclarne производствениот центар во Вокинг, па може да се очекуваат дека првите испораки се планирани за првата половина од 2020. година.

Со должина од 5.137 милиметри, новиот McLaren Speedtail е повеќе од половина метар подолг од моделот P1, но е потесен, па секој негов квадратен сантиметар е дизајниран за минимизирање на воздушниот отпор и зголемување на максималната брзина. Speedtail својата сила на црпи од хибридниот систем каде основата ја сочинува моќен V8 мотор, а вкупната сила изнесува дури 1.050 КС.

McLren Speedtail ќе чини 1,75 милиони фунти и е наследник на McLaren F1. Тоа воедно е првиот модел на McLaren од новиот работен план под називот Track 25.

Поврзани вести

Back to top button