McLaren го откри името на својот нов модел

Пред официјалното деби, компанијата го откри името на новиот модел, а исто така ни покажа и дел од неговиот надворешен дизајн

Британскиот автомобилски производител на својот YouTube канал објави видео, преку кое McLaren ни овозможува краток приказ во надворешен дизајн на својот целосно нов модел. Името на видеото всушност претставува името на новиот супер автомобил, кој се нарекува McLaren GT.

Претходно оваа година на саемот во Женева, извршниот директор на McLaren, Мајк Флевит, објави дека брендот ќе го редефинира сегментот на Grand Touring кога ќе го објави новиот Grand Tourer модел. Ова е сега потврдено со најавата за онлајн премиерата на новиот модел, закажана за 15ти мај.

„Четвртиот McLaren претставен според бизнис-планот Track25, ќе биде нашата интерпретација на Grand Tourer. Тоа ќе биде автомобил кој ги комбинира конкурентските нивоа на перформанси, завиткани во убаво и лесно тело. Тоа е автомобил дизајниран за растојание и кој исто така ќе обезбеди удобност и простор што се очекува од Grand Tourer, но со ниво на агилност како никогаш досега во овој сегмент “, изјави Мајк Флевит, оперативен шеф на McLaren. „ Покрај тоа, тој ќе биде најлесниот Grand Tourer и со тоа што ќе го има и најдобриот сооднос меѓу моќноста и тежината, ветувам дека ќе биде еден од најбрзите“, додаде тој.

McLaren GT

Деталите сеуште не се познати, а она што знаеме е дека новиот McLaren GT ќе биде придвижуван од новиот бензински V8 мотор, придружуван со два турбо полначи. Дизајнот ќе се карактеризира со високо ниво на елеганција, кој сепак ќе ја следи стилската филозофија на брендот. За да ја исполни својата улога како машина ориентирана кон GT, новиот McLaren ќе има попространа внатрешност од своите претходници, а исто така ќе понуди и зголемен багажен капацитет.

И покрај GT ингеренциите, новиот McLaren ќе остане верен на филозофијата за лесна шасија на компанијата, користејќи ја MonoCell јаглеродната технологија, употребена низ речиси сите модели на брендот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close