fbpx

McLaren ја слави F1 GTR доминацијата на Ле Ман во 1995

Британскиот производител на автомобили McLaren подготви пет специјални McLaren Senna GTR LM модели во чест на доминацијата на Ле Ман во 1995

Петте специјални Senna GTR LM се креирани од страна на McLaren во чест на петте F1 GTR автомобили кои доминираа на 24 часа Ле Ман во 1995 година. Сите примероци се направени од страна на McLaren Special Operations и секој од нив доаѓа со уникатна шема на бои.

Секој од овие автомобили е дизајниран со цел да го претставува изгледот на F1 GTR автомобилите кои завршија на првото, третото, четвртото, петото и тринаесеттото место за време на славната трка на издржливост. На McLaren Special Operations им требаа најмалку 800 часа за да го офарбаат секој од петте Senna GTR LM модели. McLaren исто така мораше да побара специјална дозвола од компании како Gulf и Harrods, како и организаторот на Ле Ман, Automobile Club de l’Ouest (ACO), за да креира разни лога и заштитни марки.

800 часа подготовка за секој автомобил

Прв е McLaren Senna GTR LM 825/1, креиран како „омаж“ на McLaren F1/01R кој триумфираше на Ле Ман во 1995. MSО имаше можност перфектно да ја реплицира јаглен сивата боја на тркачкиот автомобил. Следува Senna GTR LM 825/6, реплика на автомобилот кој за малку ќе победеше, но се соочи со проблеми со менувачот и на крајот заврши како третопласиран. Се одликува со светло жолта „униформа“ со зелена линија.

McLaren F1

Трет е McLaren Senna GTR LM 825/2, креиран со цел да се оддаде почит на McLaren F1/02R. Овој F1 заврши на четвртото место на легендарната трка. Автомобилот исто така се одликува со OZ Racing тркала, а потписот на Аиртон Сена е рекреиран на задниот дел од автомобилот. Следува Senna GTR LM 825/7 во чест на McLaren F1/07R, во кралска сина боја. На крајот, тука е Senna GTR LM 825/5 во чест на F1/05R кој заврши како 13-ти на таа трка, а за овој автомобил е потрошено најмногу време за фарбање, поради деталите и цртежите на самиот автомобил.

Петте специјални автомобили ќе им бидат испорачани на купувачи во САД, Европа и Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button