НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

McLaren со повеќе детали за неговиот нов Grand Tourer

По најавување на моделот за време на меѓународната изложба во Женева пред неколку недели, сега од McLaren кружат нови детали за целосно новиот автомобил, кој во моментот е познат само со ознаката Grand Tourer

При првото претставување McLaren сподели фотографии на новиот Grand Tourer со маскирни елементи по надворешноста, сега од легендарната марка пуштаат нови фотографии и соопштуваат дека полниот сјај на новата кола ќе биде демонстриран во мај.

Grand Tourer

Од McLaren велат дека со тест автомобилот се веќе поминати многу километри и возилото се докажало како одлична опција за долги транзиции. Едно од последните тестирања за новиот Grand Tourer ќе биде пат од 1600 километри од развојниот центар на брендот блиску до Барселона до седиштето на фирмата во Вокинг, Велика Британија.

За време на официјалната најава, од McLaren споделија дека новиот автомобил ќе ги помести стандардите во сегментот и ќе предложи чист, убав и експресивен дизајн, просторен и ненатрупан ентериер исполнет со висококвалитетни материјали. Освен тоа од брендот споделија дека новиот Grand Tourer ќе биде и најдобар мултифункционален автомобил со централно поставен мотор.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close