fbpx

McLaren со нови тизери ја најави премиерата на Artura

McLaren објави нови тизери за plug-in хибридниот автомобил Artura во пресрет на официјалната премиера која е закажана за 17 февруари

Британскиот производител McLaren ги објави своите најнови фотографии и видео тизери кои откриваат одредени елементи од plug-in хибридниот суперавтомобил Artura, чија премиера е закажана за една недела, поточно на 17 февруари. Од она што може да се забележи, моделот добива сличен на поставата Sports Series која Artura ќе ја замени. Забележливи се и големите предни светла и тенките задни светла инспирирани од Elva, заедно со агресивниот браник и дифузер.

Од еден од тизерите исто така можат да се забележат и вратите кои се отвораат нагоре, популарно наречени „Ламбо врати“. На задниот дел меѓу двете издувни цевки се наоѓа и McLaren Artura логото, а тука се и McLaren брендираните сопирачки и дигиталниот инструмент класте рво внатрешноста, кој прикажува максимален возачки опсег од 32 километри користејќи исклучиво струја. Забележливо е исто така дека фотографиите кои се прикажани покажуваат дека конкретниот модел има поминато 42.578 километри, што значи дека станува збор за прототип кој минал низ долга фаза на тестирање.

Големите странични отвори за воздух ќе го „хранат“ целосно новиот V6 мотор, кој најверојатно ќе пирстигне со двоен турбо полнач, а ќе биде засилен со електромотор. Вкупната системска моќ која ќе ја произведува plug-in хибридниот погон се уште не е позната, но би требало да биде над 600 КС.

Artura

Изгледа на целосно нова платформа, наречена McLaren Carbon Lightweight Architecture (MCLA), Artura ќе биде првиот мејнстрим хибрид на компанијата, со оглед на тоа дека P1 беше модел со ограничена производствена серија. По премиерата која ќе се одржи следната недела, Artura се очекува да пристигне во продажба нешто подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button