fbpx

Новата Mercedes А-класа дебитира во Женева

Mercedes-Benz ќе ја прикаже својата најголема и технолошки развиена А-класа на саемот во Женева во март следната година

Новата машина ќе биде малку подолга и поширока од сегашниот модел, со подобрена платформа која обезбедува значително повисоко ниво на торзиона отпорност. Зголемените димензии ветуваат дека ќе го решат проблемот со релативно тесниот ентериер на автомобилот досега. Новата Mercedes А-класа ќе биде пренасочена првенствено на младите потрошувачи.

Mercedes А-класа

Mercedes А-класа

Тоа е причината зошто ќе има и еден куп современи системи во опремата, вклучувајќи и адаптивен автопилот, најновиот систем за инфозабава и диодни фарови. Има дури и полу-автономни управувачки механизми. Моторите, барем на почетокот, ќе бидат познати од сегашниот модел, но ќе се подобрат. Најмоќниот A45 AMG ќе има сосема нов 4-цилиндерски мотор со моќност над 400 КС. Во подготовка е и хибрид.

Поврзани вести

Back to top button