ВИДЕОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Mercedes-AMG ги покажа супер моќните A45 и CLA45

Goodwood фестивалот на брзината стана домаќин и претставувањето на новите членови на AMG семејството на Mercedes

Како новитет во AMG гамата, германскиот бренд ги претстави новите A45 и CLA45, кои доаѓаат со сериозно импресивни бројки, поставени за редефинирање на својата класа. И двата модели се погонувани од 2,0 литарскиот четири-цилиндарски M139 турбо мотор, кој овозможува забрзување до 100 km/h за само 3,9 секунди, благодарение на излезната моќност од 415 коњски сили.

Клиентите, како и досега ќе можат да избираат помеѓу две верзии, односно основниот 45-модел, кој нуди 382 коњски сили и вртежен момент од 480 Nm и помоќниот 45 S кој доаѓа со 415 коњски сили и 500 Nm. Сите модели се опремени со новиот осум-степен AMG Speedshift со двојна спојка и целосно варијабилниот Performance 4Matic+ погон на сите тркала.

Основниот A45 модел, до 100 km/h забрзува за точно 4 секунди, додека на A45 S за истиот спринт и се потребни само 3,9 секунди. Максималната брзина за основните 45 модели е електронски ограничена на 250 km/h, а S моделите добиваат дополнителни 20 km/h.

A45 | 
A45 | A45
CLA45 |
 CLA45 |

    За да се обезбеди максимално искуство при понудените перформанси, потребно е да се обезбеди поцврста основа за суспензијата, кое е постигнато со дополнително засилување на каросеријата. Овој проблем е решен со додавање на лесна алуминиумска плоча под моторот, а исто така дополнителни засилувачки плочи можат да се најдат и помеѓу страничните елементи и А-пиларите.

    Како главен елемент во Performance 4Matic+ погонот е вклучувањето на новиот AMG Torque Control систем, кој се наоѓа во задниот диференцијал. Системот користи две електронски контролирани мултидиск спојки, по еден за секоја задна погонска осовина, контролирајќи го износот на вртежен момент испратен до секое поединечно задно тркало со многу поголема прецизност.

    Новиот Drift режим доаѓа како стандарден кај S моделите и е дел од опционалниот пакет AMG Dynamic Plus за стандардните модели. Како и кај поголемите AMG V8, режимот Drift може да се вклучи кога е избран режимот на возење “Race”, при што ESP системот се деактивира и преносот е префрлен во рачен режим. Инаку, новиот AMG 45 мотор доаѓа со шест режими на возење: Comfort, Sport, Sport +, Slippery, Individual и Race.

    Продажбата на новите 2020 Mercedes-AMG A45 и CLA45 се очекува да започне до крајот на оваа година.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close