fbpx

Mercedes-AMG го претстави освежениот C43 4Matic

Откако Mercedes ја освежи C-Класата за 2022 година, на ред дојде и AMG дивизијата која го претстави новиот C43 4Matic во седан и караванска изведба

По претставувањето на SL 43 со четирицилиндричен мотор и електричен турбо полнач, Mercedes-AMG ја воведува истата технологија и кај новиот C43 4Matic кој доаѓа во форма на седан и караван.

Mercedes-AMG C43 4Matic

Двата автомобили го користат во суштина истиот M139I 2,0-литарски четирицилиндричен мотор опремен со 48-волтна блага хибридна технологија која им овозможува на инженерите од AMG да ја додадат сличната технологија за електричен турбополнач која F1 тимот на компанијата го користи кај нивните болиди. 48-волтната опрема исто така значи дека двата автомобили добиваат блага хибридна асистенција, комбиниран стартер генератор кој додава моќност од 14 КС повремено при ниски вртежи.

Mercedes-AMG C43 4Matic

Но, додека SL испорачува 381 КС, C43 развива 408 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Како што сугерира и самото име C43 4Matic има погон на сите четири тркала, што овозможува спринтот до „стотка“ да се достигне за 4,6 секунди. За да не заостанува во однос на конкурентите, пред се кога станува збор за звукот, од AMG велат дека адаптивниот издувен систем може да го промени својот звук зависно од селектираниот возачки режим и нуди „соодветна акустична позадина“ во искуството на C43. Но, оние кои сакаат повеќе, како опција можат да го изберат AMG Real Performance Sound системот, кој ја зголемува бучавата од моторот во издувниот систем и цевките електронски во кабината.

Mercedes-AMG C43 4Matic

AMG дизајнерски елементи

Од дизајнерски аспект, AMG C43 4Matic пристигнува со препознатливата Panamericana решетка, поагресивен браник во однос на обичните модели од C-Класа со хромирани елементи, AMG прагови, заден дифузер и два пара издувни цевки. Моделите стандардно се поставени на 18-инчни тркала, а купувачите како опција можат да ги изберат поголемите 19 и 20-инчни фелни.

Во внатрешноста се наоѓаат црни AMG седишта прекриени со Artico вештачка кожа и микрофибер, во комбинација со црвени акценти и црвени појаси за безбедност. Пред возачот се наоѓа управувач со рамно дно со контроли за AMG Dynamic Select возачките режими, додека контролната табла исто така е прекриена во Artico кожа. MBUX инфозабавниот систем е опремен со AMG прикази и функции, вклучително AMG Track Pace.

Цените за новиот Mercedes-AMG C43 4Matic во седан и караванска изведба ќе бидат објавени кога автомобилот ќе се најде во продажба нешто подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button