fbpx

Mercedes-AMG GT 63 во салонот на Мак Ауто Стар

Mercedes-AMG GT 63 4-Door Coupe успеавме да го забележиме во продажниот салон на официјалниот застапник на Mercedes во Македонија, Мак Ауто Стар

Редакцијата на Авто Плус имаше одлична шанса во продажниот салон на Мак Ауто Стар да го забележи неверојатниот Mercedes-AMG GT 63 и одблиску да се запознае со истиот. Премиерно претставен на Салонот во Женева во 2018 година, AMG GT 63 е базиран на Mercedes-AMG GT Concept кој дебитираше на истото место, една година порано.

AMG GT 63

Овој моќен член на AMG семејството се одликува карактеристичен купе дизајн, кој стилски не отстапува премногу во однос на самиот концепт. Официјалното, полно име на автомобилот е GT 4-Door Coupe, а покрај конкретниот AMG GT 63 кој го забележавме во продажниот салон на Mercedes во Македонија, германскиот производител во својата понуда ги има и GT 53 и најмоќниот во опсегот, GT 63 S.

Кога станува збор за моќноста, треба да се напомене дека Mercedes-AMG GT 63 4Matic+ се напојува со 4,0-литарски V8 битурбо мотор кој испорачува 585 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Ова е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 3,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 310 километри на час.

AMG GT 63

Треба да се напомене дека V8 моторот е опремен со системот AMG Cylinder Management за деактивација на цилиндрите во текот на возењето, кога возачот ќе го избере поштедливиот, Comfort режим на возење. Mercedes-AMG GT 63 користи деветстепен MCT автоматски менувач кој моќноста ја испраќа стандардно на сите четири тркала, а се одликува и со воздушен систем на потпирање.

Во внатрешноста се наоѓа целосно дигиталната командна табла на која се споени два 12,3-инчни екрани – едниот во улога на инструмент кластер, а вториот наменет за инфозабавниот систем. Централната конзола се издолжува кон задната страна која формира еден ѕид меѓу возачот и совозачот, а на истата се поставени сите потребни контроли и менувачот на автомобилот.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Mercedes во Македонија или посетете го официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button