fbpx

Новиот супер-седан на Mercedes-AMG е подготвен за своето деби

Тестовите на новиот Mercedes-AMG GT седан се во завршна фаза и моделот е речиси подготвен за негова премиера

Ова станува јасно од фотографиите на супер-седанот кои беа објавени на Facebook од корисник на социјалната мрежа, претставувајќи го како Salento V12. На фотките изведбата има минимална камуфлажа, што значи дека серискиот модел ќе изгледа слично. Тој ќе личи максимално на концептот Mercedes-AMG GT, задржувајќи ги неговите основни елементи – специјална хауба, решетка на ладилникот Panamericana со вертикални рерба и големи всмукувачи на воздух во долниот дел на браникот.

Mercedes-AMG Главната оптика на камуфлираниот прототип сеуште е скриена, но исто така се гледа дека е направена во типичен Мерцедовски стил. Некои од елементите на задната страна на новиот седан се позајмени од AMG GT.

Засега нема прецизни информации за агрегатот на возилото, но се тврди дека тој ќе добие хибридна верзија со околу 800 КС. Основната верзија на моделот ќе биде опремена со 4.0-литарски битурбо V8 чија моќ сеуште не е позната.

Светската премиера на Mercedes-AMG GT седан ќе биде на Салонот за автомобили во Женева, во март. Почетокот на продажбата е планиран за крајот на тековната година.

Поврзани вести

Back to top button