Mercedes-AMG PureSpeed е првиот модел од Mythos серијата
PureSpeed е првиот од серијата Mythos, ограничен е на 250 единици и е достапен само за најголемите обожаватели и колекционери на брендот
Mercedes-AMG го откри првиот автомобил од својата серија Mythos, PureSpeed. Станува збор за роудстер базиран на SL кој има дизајнерски знаци од F1, вклучително и заштита од превртување во ореол стил.
Токму поради тоа Mercecdes избра да го претстави првиот од своите Mythos модели пред трката F1 трката викендов во Монако. Двоседите влегуваат во мало производство следната година и ќе бидат ограничени на 250 примероци, при што цената не е објавена, а секој од автомобилите ќе заврши кај само неколкумина најопсесивни колекционери на Mercedes.
Дизајнерскиот тим на Mythos го зеде тековниот 2024 SL со четири седишта и го претвори во брзинско возило со две седишта, заменувајќи ги шофершајбната и A-столбовите со мал аеро екран и структурен ‘рбет што го преполовува погледот напред. Купувачите добиваат и пар „аеродинамички оптимизирани“ шлемови специјално дизајнирани за автомобилот.
Но, заштитата на покривот со ореол е далеку од единственото визуелно ажурирање; новиот Mercedes PureSpeed, исто така, носи целосно нов преден дел налик на ајкула, кој не ја користи традиционалната AMG решетка, заменувајќи ја со голема трикрака ѕвезда за да им помогне на сите останати на патот да ја идентификуваат. Мерцедес го користеше овој изглед на концептот C-111 уште во 1970-тите и на Mercedes-McLaren SLR Stirling Moss.
Продолжувајќи ја врската со Мос, се вели дека летечките потпори зад седиштето се инспирирани од оние на 300 SLR со кој легендарниот британски тркач победи на Mille Miglia во 1955 година, додека црвената боја е во знак на бојата што ја носеше Mercedes на Targa Florio во 1924 година во Сицилија.
Иако тркачките автомобили на германската марка пред еден век беа вообичаено бели, фабриката избра да го имитира изгледот на црвените автомобили на италијанските марки за да ги измами гледачите. Победничкиот Mercedes на таа трка беше број 10, а PureSpeed го носи истиот број на предните браници.
Mercedes ја разви својата серија Mythos за да влезе во профитабилниот пазар на автомобили изработени по нарачка, во кој ривалите како Ferrari и Aston Martin исклучително добро се снаоѓаат. Иако не потврди никакви детали, под хаубата најверојатно се користи V8 со 585 КС на SL63 под хаубата, а не хибридниот V8 со 816 КС на SL63 S E Performance.