fbpx

Mercedes-Benz подготвува две нови хибридни верзии врз C- класа

Германскиот производител подготвува обновување за својата С- класа, кое ќе биде достапно за клиентите од оваа пролет

По надградбата, моделот ќе добие и две нови хибридни модификации, тврди Autocar. Првата верзија ќе биде комбинација на 2.0- литарски турбо дизел агрегат и електромотор и ќе го носи името C400d EQ Power. Таа ќе го заземе местото на тековната бензинска plug-in хибридна варијанта C350e. Нејзината моќ беше 275 КС.

Новиот дизел хибрид, кој вклучува 4- цилиндричен мотор со внатрешно согорување и електричен мотор, развива 316 КС, 41 „коњ“ повеќе од онаа со бензинската варијанта. Само на електрична енергија, Mercedes- Benz C400d EQ Power ќе може да мине 50 километри.

С- класа

Mercedes- Benz C200 EQ Boost, исто така, ќе биде достапен во гамата, а тоа е микс пак од 2.0-литарскиот бензински мотор, кој се напојува со стартер генератор од посебен систем од 48 волти. Моќта на модел е 205 КС, заземајќи место на тековната C200, но со 24 КС помалку. Светската премиера на караванот и седан на Mercedes- Benz C- класа ќе се одржи на Саклонот за автомобили во Женева во март. Купето и кабриолетот ќе бидат прикажани на изложбата во Њујорк, во април.

Поврзани вести

Back to top button