Mercedes-Benz ги претстави plug-in хибридните A250e и B250e

Германскиот производител ја прошири поставата на А и Б-Класата со воведување на новите plug-in хибридни верзии A250e и B250e

Достапен за хечбек и седан верзиите, хибридниот погон комбинира 158 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm од 1,3 литарскиот четири-цилиндарски бензински мотор со 102 коњски сили и 300 Nm од електрична единица. Ваквата конфигурација обезбедува комбиниран излез од 215 коњски сили и вртежен момент 450 Nm.

Поставен под задните седишта, батерискиот пакет доаѓа со капацитет од 15,6 kWh и обезбедува возен опсег од 60 до 70 километри со едно полнење според WLTP циклусот. Со приклучок од 7,4 kW, од 10 до 100 проценти батеријата се полни за 1 час и 45 минути, но исто така подржува и брзо полнење, при што 10 до 80 проценти се полни за околу 25 минути.

A250e и B250e

Во оваа конфигурација, на хечбекот А250е потребни му се 6,6 секунди да забрза од 0 до 100 km/h, додека пак седанот е побавен со 6,8 секунди. Хечбекот пак достигнува максимална брзина од 235 km/h, за разлика од седанот чија крајна брзина е 240 km/h. Во електричен режим, A250e и B250e можат да забрзаат до 140 km/h.

Дополнително, инфозабавниот MBUX систем е подобрен со додавање на други функции меѓу која достапна е опцијата за пронаоѓање на станици за полнење во близина, како и прикажување на нивото на батеријата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close