fbpx

Mercedes-Benz го претстави новиот CLA

Новата генерација на Mercedes-Benz CLA е една од главните премиери на саемот за електроника во Лас Вегас - CES. Дизајнот на новитетот на Mercedes-Benz, е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски, а идејата е да претстави комбинација помеѓу елеганција и спортски стил, со цел да одговари на новиот стил на брендот наречен „сензуална чистота“.

Седанот е изграден на МНР платформата, специјално дизајнирана за компактни автомобили. Новиот CLA добил LED дневни светла во форма на бумеранг, како и повеќе елегантна линија на покривот, а исто така и спортски браници. По смената на генерациите CLA пораснал минимално во димензиите, со што е зголемена и кабината, претежно на задното седиште. Во исто време волуменот на багажникот е намален за 10 литри и веќе е 410 литри.

Машината има добиено низок центар на гравитација и стабилизатор за напречна одржливост, а достапни се и адаптивни амортизери. Алгоритамот за работа на електронскиот систем за одржливост е преработен целосно, за да одговара на карактеристиките на овој автомобил. Коефициентот на аеродинамичен отпор е 0,23, што е за 0,1 повеќе од рекордерот по овој показател – седанот A-Class. За тоа помагаат специјални панели поставени под дното на возилото, како и активните елементи во решетката на ладилникот.

Mercedes-Benz CLA

CLA

Новиот Mercedes-CLA е опремен со функцијата Interior Assistant, која со помош на сензори го препознава движењето на рацете на возачот и вклучува дополнително осветлување во кабината. Овој систем ќе работи само кога возилото не е во движење, за да не го одземе вниманието на возачот. Друга новина е системот Energizing Package Plus, кој со помош на специјално развиен алгоритам ја активира климатизацијата, масажата, греењето и вентилацијата на седиштата, како и осветлувањето во внатрешноста. Неговата цел е да му помогне на возачот да се расположи при возењето. Дел од овој пакет е и виртуелниот фитнес-инструктор Energizing Coach кој ја одредува најдобрата програма за тренинг, земајќи ги во предвид физичките параметри на возачот.

Седанот добил и информациско-забавен систем MBUX, кој дебитираше кај четвртата генерација на A-Class. Кај нето дигиталниот панел со инструменти е со дијагонала од 7 инчи и е споен со екранот на информациско-забавниот систем со иста големина.

CLA

Новиот CLA, исто така ја има технологијата на S-Class. Од поголемиот брат се земени полуавтономниот систем за управување, кој со помош на камери селди до 500 метри пред возилото. Тој работи со помош на адаптивен круз-контрол, систем за екстремно сопирање и функција за следење и промена на лентата на движење по потреба.

Во Лас Вегас беше прикажана верзијата на CLA со 2.0 литарскиот бензински турбомотор, кој развива 225 КС и 350 Nm вртежен момент. Работи во комбинација со 7-брзински роботски менувач со две спојки. Моделот ќе добие и посилна модификација – CLA 35, како A35 AMG. Истата ќе се потпира на 2.0 литарски турбодвигател со 310 КС и 400 Nm вртежен момент. Ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди.

Поврзани вести

Back to top button