fbpx

Mercedes-Benz продаде 5.555.555 компактни автомобили

За 20 години по лансирањето на A класа, од која се реализирани над 3.000.000 единици, Mercedes-Benz забележа продажба на 5.555 555 на свои компактни автомобили

Од Mercedes-Benz велат дека ако првите генерации на A класа, B класа, CLA, CLA Shooting Brake и GLA, ги привлекоа корисниците со својата функционалност. Тогаш новите генерации компактни модели лансирани во 2011 година, станаа попривлечни пред сè благодарение на нивниот поспортски дизајн.

Mercedes-Benz
Од Mercedes-Benz коментираат, исто така, дека во текот на годините, клиентите на компактните модели на марката станувале се повеќе барани од помладата популација. Па ако на стартот таа бројка била во просек над 43 години, во моментот нивната просечна возраст е 13 години помала во споредба со онаа на корисниците на A класа во 2011 година. Во Кина, секој трет клиент на брендот е под 30 години. Од Mercedes-Benz додаваат дека компанијата има вкупно осум предлози во компактниот сегмент. Еден од следните чекори ќе биде сериската верзија на концептот A Sedan, демонстрирана за време на салонот во Шангај во април.
Mercedes-Benz

Поврзани вести

Back to top button