fbpx

Mercedes-Benz воведува нова иновација во своите камиони

Кога станува збор за зголемување на безбедноста во сообраќајот, камионите на Mercedes-Benz секогаш предводат со иновациите во индустријата

Mercedes-Benz важи за производител кој сериозно ја сфаќа безбедноста во сообраќајот, а токму поради тоа, германската компанија е предводник во индустријата кога станува збор за иновациите. Доказ за тоа е и фактот што Mercedes инвестира стотици милиони евра годишно во истражување и развој на помошни системи, кои треба да овозможат зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Резултатот од сето ова е и повеќе од забележителен и видлив, а новите технологи и системи кога станува збор за безбедноста, продолжуваат да бидат инкорпорирани во тешките комерцијални возила на компанијата.

Токму затоа, најбараните камиони на Mercedes-Benz, Аctros и Arocs, ќе бидат опремени со со новиот систем за безбедност на Mercedes-Benz – Active Sideguard Assist. Станува збор за систем кој овозможува не само предупредување на возачот, туку и автоматско сопирање, односно целосно запирање на возилото. Покрај ова, тука е и Active Drive Assist 2 со функција на автоматско запирање во итни случаи кој компанијата го претстави минатата есен.

Купувачите во 24 земји од Европската унија и неколку земји кои не се дел од ЕУ ќе можат да ги нарачаат новите безбедносни и системи за асистенција.

Почнувајќи од јуни 2021, Sideguard Assist (S1R) ќе биде заменет кај повеќето Actros и Arocs модели со новиот Active Sideguard Assist (S1X), кој ќе ја препознава потребата за интервенција. Mercedes-Benz е првиот производител во светот кој ќе понуди ваков систем со активен систем на сопирање, со што ќе донесе дополнителен придонес во намалувањето на несреќите.

Поврзани вести

Back to top button