fbpx

Mercedes CLA добива освежен дизајн и поголема моќност

Освежената гама на Mercedes CLA за 2024 година пристигнува со ажуриран изглед, подобрена технологија и надградби на погонската единица

Mercedes подготви фејслифт за CLA кој пристигнува со побогата опрема, стилски промени и поголема безбедност. Кога станува збор за самиот дизајн, и CLA Coupe и Shooting Brake се карактеризираат со суптилно ревидиран стил кој вклучува стандардни LED светла за прв пат и решетка со дизајн со ѕвездички, додека перформансниот AMG 35 ја добива Panamericana решетката која претходно беше резервирана за AMG 45.

Во внатрешноста Mercedes употреби поголема количина на рециклирани материјали и основните автомобили добиваат самостојни дисплеи од 7 инчи и 10,25 инчи кои може опционално да се надградат на двојните единици од 10,25 инчи, вградени на поскапите модели. Како и другите неодамна ревидирани автомобили на Mercedes, CLA ја користи старата подлога на конзолата на стариот инфозабавен систем MBUX во корист на простор за складирање, а сега има извонреден опкружувачки звук Dolby Atmos за врвниот опционален звучен систем Burmester.

Mercedes CLA

Промени во погонските единици

Има неколку измени и под хаубата. Електричниот мотор на хибридниот Mercedes 250 e модел со 163 КС сега произведува 109 КС, што е за 7 КС повеќе од претходно, а неговата батерија може да се полни до 11 kW. DC полнењето сè уште завршува со 22 kW што значи дека полнењето од 10-80 проценти од малата батерија од 15,6 kWh секогаш ќе трае најмалку 25 минути.

Хибридното CLA Coupe забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди и ќе поминете околу  82 км со едно полнење. Оние кои ќе го изберат попрактичниот караван ќе мораат да се соочат со фактот дека спринтот до „стотка“ ќе се извршува за една десетинка подолго, додека опсегот на движење се намалува. Другите опции на моторот (во зависност од пазарот) вклучуваат 1,3-литарски четирицилиндрични мотори во CLA 180 и 200, 2,0-литарски четирицилиндрични агрегато со моќност до 224 КС во CLA 220 и 250 и три дизели кои развиваат помеѓу 116 КС и 190 КС.

Mercedes CLA

CLA 35, кој е развиен од AMG, исто така, добива хибридна моќност, иако зборуваме за 48-волтен благ хибриден стартер-генератор на системот, наместо за целосен plug-in. Моќноста и вртежниот момент остануваат непроменети на 306 КС и 400 Nm, а нема подобрување ниту во времето од 4,9 секунди за спринтот од нула до „стотка“. Оние кои сакаат да бидат побрзи, ќе треба да го изберат CLA 45 S кој може да ја заврши работата за 4,1 секунди.

AMG CLA 45 S

Моделот се одликува со 2.0-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач кој развива 422 КС и 500 Nm вртежен момент.  Моторот е поврзан со осумстепен менувач со двојна спојка, кој ја испраќа енергијата до стандардниот систем за погон на сите тркала.

Оние кои ќе го изберат новиот CLA 45 S, ќе можат дополнително да го разубават со AMG Street Style Edition. Достапен во двата стила на каросеријата, тој комбинира Мountain Гray Мagno боја со фолија AMG лого и кариран дизајн на знамето, плус AMG Night Packages I и II и светло портокалови шевови за тапацирот од микрофибер.

Mercedes сè уште не ги објави цените, но кога автомобилите ќе почнат да пристигнуваат кај дилерите подоцна оваа година, веројатно нема да чинат многу повеќе од постоечкиот автомобил.

Поврзани вести

Back to top button