Mercedes ги има најиновативните камиони за 2021 година

Во изборот „Камион на годината“, меѓународното жири одлучи да ја додели наградата за најиновативни камиони за 2021 на германскиот производител Mercedes-Benz

Меѓународното жири за избор на „Камион на годината“, одлучи ја додели наградата за најиновативни камиони за 2021 година на Mercedes-Benz, благодарение на двата концептни камиони кои беа претставени претходно оваа година. Конкретно, станува збор за електричниот eActross, додека вториот е со погон на водород и е именуван како GenH2.

Кога станува збор за самата награда треба да се напомене дека меѓународното жири е составено од 25 искусни новинари од областа на товарни возила.

Од друга страна, германската компанија Mercedes-Benz е првата фабрика во светот која уште во 2016-тата година претстави товарно возило со електричен погон, предвидено за транспорт во урбани средини, a потоа следуваа и други камиони. Во 2018 година премиерно беше прикажан и прототипот за eActross, а веќе во 2021 година е предвидено да започне сериското производство на електричниот камион. Според најавите на германскиот производител, електричниот eActross ќе има автономија на движење од 200 километри со едно полнење. Mercedes го претстави и електричниот еActross LongHaul кој пристигнува со автономија на движење од 500 километри со едно полнење и ветува висока енергетска ефикасност

Во септември оваа година, Mercedes-Benz официјално го претстави и концептниот камион GenH2. Станува збор за камион кој ќе работи со помош на водородни горивни ќелии и ќе има автономија на движење од 1.000 километри со полн резервоар. Според плановите на Mercedes, GenH2 со водороден погон треба да започне да се произведува во втората половина од оваа деценија, додека тестирањата ќе стартуваат во 2023.

Mercedes камиони

Поврзани вести

Back to top button