Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа
Mercedes-Benz започна со официјалното откривање на новата S класа, а првиот дел е посветен на внатрешноста и новиот MBUX инфозабавен систем
По неколкуте шпиунски фотографии и тизери, Mercedes конечно овозможи адекватен поглед во целосно новиот ентериер на новата генерација на S класа. Во однос на актуелниот модел, новата генерација добива целосно одново замислен и дизајниран ентериер. Пример за тоа се механичките копчиња кои се драстично намалени според бројката.
И додека функциите за светлата и брисачите за стакло се сѐ уште достапни на традиционалниот начин, повеќето останати функции сега можат да се активираат со допир, со го гласовна команда или со рака. Кога станува збор за контролите од клима-уредот, Mercedes вели дека се поставени на долниот дел од централниот екран со цел да се овозможи брз пристап без потреба за навигација низ повеќе менија.
Во новата S класа ќе бидат достапни до пет нови големи екрани и тоа целосно дигитални инструменти, инфозабавен систем на централната конзола со 12,8-инчен екран на допир и дури три екрани за патниците на задниот дел од автомобилот. OLED технологијата е достапна за поостра графика со поприродни бои, која притоа троши 30 проценти помалку енергија од вообичаениот LCD.
Уште една новост која ја носи S класата од генерацијата W223 е опциониот head-up екран. Тој доаѓа со поддршка за „проширена реалност“ (VR) за навигација како и системи за помош во возењето. Достапен е и обичен HUD, додека понапредната варијанта е достапна како опција за љубителите на нови и напредни технологии. Верзијата со овозможената AR опција има широки агли на проекција. Благодарение на што изгледа како сликата да се појавува на оддалеченост од 10 метри од автомобилот. Ова големо подрачје на екранот е еквивалентно на 77-инчен монитор и користи технологии кои се исто така имплементирани во кино салите.
На прв поглед екранот со инструментите делува познато. Но, дигиталните инструменти и тука се достапни во четири стила и три начини на прикажување на тродимензионална различност. Новата S класа може да се пофали и со напреден гласовен асистент. Истиот има поддршка за 27 јазици за подобро разбирање на она што го говорат патниците. Дури и оние кои седат позади ќе можат да го користат со помош на неколку микрофони. Тоа исто така му помага и на MBUX да сфати од кое седиште пристигнува гласот. Гласовните команди можат да се користат и за контролирање на поставките на грејачите и масажерите на седиштата. Исто така и како алтернатива за користење на контролите на вратите или виртуелните типки вградени во големиот екран.
Ова е само првиот дел од триделната тизер кампања за новата Mercedes S класа во пресрет на целосната светска премиера во септември. Втората епизода ќе се емитува на 29 јули и ќе се осврне на деталите за безбедноста и удобноста. Третата и последна епизода, на 12 август, ќе се фокусира на луксузниот ентериер.