fbpx

Mercedes го претстави екстремниот AMG GT Black Series

Како што беше најавувано во претходниот период, Mercedes-AMG официјално ја претстави најмоќната и најекстремна верзија на својот GT, наречена Black Series

Mercedes-AMG GT Black Series е опишан како супер автомобил кој „совршено ја истакнува богатата традиција на брендот во мотоспортот“, а моделот се напојува со 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор кој развива импресивни 730 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Распонот на достапноста на максималниот вртежен момент е исклучително широк, па возачот на располагање овие 800 Nm од 2.000, па се до 6.000 вртежи во минута.

Mercedes AMG GT

Моторот е поврзан со седумстепен DCT автоматски менувач со двојна спојка кој е дополнително засилен за да може да се носи со дополнителниот вртежен момент. Моќноста се испорачува на задните тркала, а спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 3,2 секунди, а до 200 километри на час стигнува за помалку од 9 секунди. Максималната брзина на автомобилот изнесува 325 километри на час.

Софистицирана и напредна аеродинамика

Софистицираната аеродинамика не дава значителен придонес на високата динамика на возење и стабилност во брзите кругови. Како и кај AMG GT R и AMG GT R Pro, стручњаците за аеродинамика и дизајнерите тесно соработуваа и принципот „формата ја следи функцијата“ е применета повеќе од било кога во овој Black Series модел. Новата хауба со два големи отвори за топол воздух е изработена од карбон, а истовреемено ова решение го намалува отпорот, а протокот на воздух за ладење на моторот е оптимизиран. Воздухот потоа особено е насочен кон A-столбовите и страничните прозори кон задната страна, каде што се зголемува ефикасноста на концептот со аеродинамичното крило.

AMG GT Black Series пристигнува и со адаптивен систем на потпирање, а дел од пакетот е и AMG Ride Control, кој електронски ги контролира и по потреба автоматски ја прилагодува работата на амортизерите на секое тркало. Системот е специјално надограден и калибриран за Black Series со голем број нови режими на работа и можности за подесување.

Mercedes AMG GT

Black Series пристигнува и со голем број посебни ознаки и детали кои помагаат да се разликува од останатите GT модели, иако веројатно тоа не е пресудно со ваквиот изглед и аеродинамичните додатоци. Тука е и управувачот AMG Performance, заедно со портокаловата или сребрена контрастна облога за внатрешноста каде се истакнуваат 12,3-инчната дигитална инструмент табла и 10,25-инчниот инфозабавен систем. Не треба да се заборават ниту карбонските спортски седишта обложени со Nappa кожа и микрофибер тапацир. Посебен детал се и специјалните 19-инчни и 20-инчни тркала со 10 краци со Michelin Pilot Sport Cup 2 R MO гуми специјално прилагодени за Black Series, зад кои се кријат AMG керамички сопирачки.

Цената за овој специјален GT се уште не е позната, но Mercedes-AMG GT Black Series официјално на пазарот пристигнува кон почетокот на 2021 година, така што веројатно наскоро ќе бидат познати повеќе детали.

Поврзани вести

Back to top button