fbpx

Mercedes го претстави концептот EQC 4×4²

Германски Mercedes-Benz го претстави својот електричен концептен модел, а станува збор за моќниот теренец под називот EQC 4×4²

Mercedes има големо изкуство кога станува збор за тернците, а новиот EQC 4×4² е повисок за 20 милиметри во однос на стандардниот продукциски модел благодарение на тимот кој стои и зад концептот Е 400 All-Terrain 4×4².

Системот за потпирање кај концептот е значително модифициран и содржи сет мултилинк портални осовини, а концептот има и тркала со гуми чии димензии изнесуваат 285/50 R20. Клиренсот во овој случај изнесува 293 милиметри, односно 153 милиметри во однос на стандардниот EQC, а кросоверот е повисок за 58 милиметри во однос на Mercedes G-Класа.

„Нашата цел беше да го комбинираме модерниот луксуз и одржливост со емоционалната привлечност. EQC 4×4² покажува дека е возможно да се ужива во одржливата мобилност. Во овој случај електромобилноста, високата технологија и интригантното искуство се пренесуваат во планините. Струјата и прогресивниот луксуз одат на ‘оф-роуд’“, изјави еден од директорите на Mercedes, Маркус Шефер.

Концептот се одликува со огромни тркала поради кои тука се поставени пластични проширувања на штитникот за кал, кои пак додаваат уште 200 милиметри ширина за EQC 4×4². Аглите за приоѓање и оддалечување изнесуваат 31,8 и 33 степени, што е повеќе за 11,2 и 13 степени. EQC 4×4² има и нов акустичен систем кој емитува звукови однадвор и во внатрешноста, а звукот зависи од позицијата на папучата за „гас“, брзината, враќањето на енергијата и слично.

Електричниот погон остана непроменет, тука и понатаму се двата електромотори од стандардниот продукциски модел EQC кои комбинирано испорачуваат 408 КС и 762 Nm вртежен момент, а тука е и 80 kWh литиум-јонската батерија. Од Mercedes не открија колкава е автономијата на движење на автомобилот со едно полнење.

EQC 4×4²

Mercedes EQC 4×4² ќе остане само концепт, исто како што е случајот и со E 400 All-Terrain.

Поврзани вести

Back to top button