fbpx

Mercedes го претстави новиот Citan

Mercedes-Benz носи еден повисок стил во сегментот на мали комбиња со претставувањето на целосно новата генерација на Citan

Новата генерација на компактното комбе Citan ја доживеа својата премиера и ќе биде достапен во Panel Van и Tourer варијанти со што се комплетира опсегот на комерцијални возила на Mercedes-Benz. Како и со претходната генерација, Citan ја споделува платформата со Renault Kangoo. Покрај Citan и електричниот eCitan кои се наменети за професионалците, Mercedes-Benz наскоро ќе ја претстави и сличната T-Класа како и електричниот еквивалент EQT со попремиум дизајн.

Mercedes Citan

Во однос на Kangoo, Citan добива редизајнирани преден и заден дел со кој новиот модел се разликува од својот „роднина“. Фаровите, кои добиваат LED технологија во повисоките нивоа на опременост, изгледаат слично, додека браникот, хаубата и решетката се во согласност со новиот дизајнерски јазик на Mercedes. Должината на Citan изнесува 4.498 милиметри, а меѓуосовинското растојание е 2.716 милиметри. Во иднина, Mercedes исто така ќе понуди и варијанти со подолго меѓуоскино растојание, за уште поголем простор во ентериерот.

Како што и се очекува од комерцијално возило, дизајнот е фокусиран на практичноста со една или две врати на лизгање кои овозможуваат отвор од 615 милиметри. На задниот дел се наоѓаат две асиметрични 180-степени врати за Citan Panel Van, со висина на отвор од 1.059 милиметри и опционална единечна задна врата за Citan Tourer.

Mercedes Citan

Citan Panel Van може да носи предмети со должина до 3.05 метри додека товарниот оддел е поставен на 590 милиметри од земјата. Комбето има товарен капацитет од 2,9 метри кубни и може да собере две евро палети поставени една зад друга, додека влечниот капацитет е 1,5 тони.

Модерен дизајн на ентериерот со фокус на практичноста

Mercedes создаде свој дизајн за ентериерот, кој изгледа прилично модерно, интегрирајќи мал 7-инчен централен екран на допир за MBUX инфозабавниот систем, кружни отвори за вентилација и трикрак мултифункционален управувач. Citan Tourer има пет одделни седишта со преклоплива задна клупа и неколку прегради за складирање низ кабината. Опремата вклучува и стандардни системи како Hill Start Assist и Active Brake Assist, но и уште пософистицирани системи како асистенција за слепа точка, асистенција за активно оддржување во лента и активна асистенција за оддржување дистанца DISTRONIC, која овозможува полуавтономно возење во одредени услови.

Mercedes Citan

И додека архитектурата се споделува со Kangoo, Mercedes-Benz вели дека Citan добил специфичен тјунинг за амортизерите и стабилизаторите со цел да понуди уникатни возачки карактеристики и поголем комфорт.

Неколку погонски опции

Сите мотори во поставата се со ECO старт/стоп функција, а покрај шестстепената мануелна трансмисија, најмоќните дизел и бензински модели исто така се достапни со седумстепен менувач со двојна спојка. Моделот ќе се нуди со два четирицилиндрични мотори – 1,5-литарскиот дизел и 1,3-литарскиот бензинец. Дизелот пристигнува со три различни нивоа на моќност – Citan 108 CDI со 75 КС и 230 Nm, Citan 110 CDI има 95 КС и 260 Nm, a Citan 112 CDI доаѓа со 116 КС и 270 Nm максимален вртежен момент. Сепак, само Citan 110 CDI е достапен во Tourer варијанта.

Оние кои преферираат бензин имаат две опции – Citan 110 со 102 КС и 200 Nm, или Citan 113 со 131 КС и 240 Nm максимален вртежен момент.

На крајот, ќе пристигне и целосно електрична варијанта наречена eCitan која ќе биде лансирана во втората половина на 2022 година и ќе нуди опсег на движење од 285 километри со едно полнење според WLTP. исто така ќе има и брзо-полнечки способности, благодарение на кои батеријата од 10 до 80 проценти ќе се полни за 40 минути.

Нарачките за новиот Citan ќе бидат отворени од средината на септември, а цените ќе стартуваат од 23,800 евра.

Поврзани вести

Back to top button