fbpx

Mercedes и BMW го продаваат својот заеднички бизнис на Stellantis

Share Now заедничкиот „car-sharing“ потфат на BMW и Mercedes кој е оформен во 2019 година ќе стане дел од групацијата Stellantis

Во обид да ги забрза приходите од својата дивизија за мобилност, Stellantis го купува Share Now, заедничкиот потфат на BMW и Mercedes основан во 2019 година.

Компаниите најавија дека потпишале договор за продажба, но, како дел од истиот, нема да ги споделат деталите за трансакцијата. Италијанскиот дневен весник La Reppublica пренесува дека целиот договор е проценет на 100 милиони евра, иако други извори пренесуваат дека истиот би можел да вреди барем двојно повеќе. Целиот договор останува да биде официјализиран и одобрен од страна на властите за спречување на монополизација.

Share Now е лидер на пазарот во „car-sharing“ индустријата во Европа и е настанат со спојувањето на car2go и DriveNow, двете помали „car-sharing“ компании на германските брендови. Stellantis истакнува дека ја купува Share Now од Mercedes и BMW со цел да го зголеми својот постоечки бизнис во оваа сфера кој е наречен Free2move.

Договорот е дел од планот на конгломератот за да достигне приход од „car-sharing“ бизнисот на 700 ммилиони евра до 2025 и до 2,8 милијарди до 2030 година. Минатата година заработи само 40 милиони од Free2move, но шефот на оваа дивизија за Reuters откри дека компанијата „навистина ќе забрза кога станува збор за приходите“.

BMW и Mercedes се насочуваат кон други потфати за мобилност

И покрај тоа што е најголемиот „car-sharing“ бизнис во Европа, Share Now имаше проблеми за да забележи профит. Оваа компанија се проценува дека губела 200 милиони евра на годишно ниво. Но, Stellantis има планови да се прошири на глобално ниво и има за цел целосно да ја електрифицира флотата во Европа до 2030.

Иако BMW и Mercedes се ослободуваат од Share Now, тие не се откажуваат од таканаречените потфати за мобилност. Компаниите ќе се фокусираат на, како што ги нарекуваат, двете централни деловни области „со висок потенцијал за раст“. Тие се дигиталната мулти-мобилност, преку апликација наречена Free Now, и дигитални услуги поврзани со полнење на електрични возила, преку апликација наречена Charge Now.

Со апликациите Free Now и Charge Now, ние сакаме да им обезбедиме на нашите клиенти сеопфатен и широк опсег на услуги. Новата ориентација ни овозможува побрзо да ги зголемиме нашите активности и на тој начин да постигнеме понатамошен профитабилен раст во најкус можен рок“, изјави Рајнер Феурер, шеф за корпоративни инвестиции во BMW.

Поврзани вести

Back to top button