fbpx

Mercedes-Benz ја најави редизајнирата E класа

Германскиот производител ги објави првите детали и фотографии од рестилизираната E класа која во продажните салони ќе пристигне во текот на летото

Актуелната генерација на Mercedes E класа дебитираше во 2016 година, а во текот на оваа ќе биде унапредена, како во поглед на дизајнот, така и на полето на технологијата. На првите официјални тизер фотографии, редизајнираните автомобили и понатаму се прекриени со „камуфлажна“ обвивка, но се наѕира новиот изглед на надворешноста.

Естетските модификации ги опфаќаат предниот и задниот браник, како и фаровите и стоп светлата, кои се чинат слични на оние од актуелните генерации на моделите CLS и CLA. Сепак, позначителните промени се кријат под надворешноста на E класа за 2020 година.

Mercedes својата лимузина ќе ја опреми со најсовремените системи за асистенција кои ги има во својата понуда. Меѓу нив е и Active Distance Assist Distronic системот кој е во состојба да детектира сообраќаен метеж или застој на патот пред возачот многу пред тој да е во состојба да ја воочи.

Освежената Е класа ќе ги има и најсовремените верзии на системите како што се Active Traffic Jam Assist, Active Steering Assist, Active Brake Assist, Active Blind Spot Assist и Parking Package со камера која покрива 360 степени.

Новата Е класа доаѓа со унапредена моторизација

Моторизацијата исто така ќе биде унапредена, вклучително и седум plug-in хибридни верзии. Рестилизираната Е класа ќе го добие и најновиот четирицилиндричен 2,0-литарски мотор на Mercedes со 272 КС, заедно со EQ Boost системот. Во понудата ќе биде и новиот шестцилиндричен со 48-волтна „лесна“ хибридна технологија и EQ Boost системот, кој испорачува 367 КС.

Промени ќе има и во кабината. Mercedes ќе вгради нов мултифункционален волан со команди чувствителни на допир, како и нов индикатор за квалитетот на воздухот во патничката кабина. На купувачите ќе им биде на располагање и Mercedes-Benz Urban Guard функцијата која обезбедува надзор над возилото кога е паркирано.

Германскиот производител се уште го нема откриено датумот за премиерата на рестилизираната Е класа, а првата шанса за тоа ќе биде престојниот Салон за автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button