fbpx

Mercedes ја одржа светската премиера за новиот GLA

Mercedes-Benz го претстави осмиот модел на својата актуелна генерација компактни возила во дигиталната светска премиера

Јавноста имаше можност да ужива во ексклузивно искуство на новиот GLA преку Mercedes me медија платформата.

Опремен со моќен и ефикасен четири-цилиндричен мотор, систем за помош при возењето со кооперативна возачка поддршка од најновата генерација, MBUX инфозабавен систем и сеопфатна контрола на удобност, му ги даваат на новиот модел сите извонредни карактеристики на најновата генерација на компактни возила на Mercedes-Benz. Исто така, новиот модел на GLA е опремен со опционален постојан погон на сите тркала со целосно променлива дистрибуција на вртежниот момент.

GLA

Новиот GLA е поразличен од својот претходник, стоејќи повисоко за повеќе од 10 сантиметри на 1.616 mm, со што се нуди поголем простор во предниот дел од кабината. Задниот простор за нозете исто така е значително поголем. Иако новиот GLA е пократок однадвор од претходниот модел, сепак во него има повеќе простор. Типичните елементи за „офроуд“ дизајнот се исправениот преден крај, кратката предница и задната настрешница.

GLA e опремен со најновите системи за помош на возачот и на тој начин нуди највисоко ниво на активна безбедност во компактниот сегмент. Некои од најнапредните системи вклучени во пакетот за помош на возачот се функцијата за агли, функцијата за лентата за итни случаеви, функцијата за предупредување за излез од фозилото и системот за тревога кој ги идентификува пешаците кои се на или близу до пешачки премини.

 

 

Поврзани вести

Back to top button