Mercedes ја освежи култната G класа

Со пакетот освежувања за легендарниот теренец пристигнуваат неколку новини, меѓу кои новиот Desert режим и нов дизелски мотор

Mercedes ја освежува својата G класа со повеќе опрема и додава повеќе опции за персонализација, како и бои за екстериерот, со цел да го направи легендарниот теренец уште посоодветен за потребите на нивните купувачи. Најновото освежување за G класа исто така го претставува и новиот Desert оф-роуд режим, кој го засилува погонот за максимално триење на песочни терени. Новиот возачки режим се активира преку Dynamic Select прекинувач.

Како дел од освежувањето, Mercedes го претставува G 400d, кој претходно беше достапен како специјален модел, а сега ќе биде регуларен член на семејството за европскиот пазар. G 400d носи помоќна верзија на 3,0-литарскиот реден шестцилиндричен мотор кој развива 330 КС и 700 Nm максимален вртежен момент. На врвот на понудата останува AMG G63 чиј 4,0-литарски V8 мотор со асистенција на два турбополначи нуди 585 КС и 850 Nm максимален вртежен момент. Опсегот се комплетира со базичниот G 350d кој испорачува 282 КС.

Mercedes ја зголеми стандардната опрема на G класата со додавањето на дигиталниот кокпит и Parking Garage системот со камера за возење наназад. Купувачите исто така ќе можат да го изберат популарниот Night Package без AMG Line и Stainless Steel пакетите. Night Package вклучува решетка во Obsidian црн финиш, затемнети индикатори за насока и предни светла, како и ред други работи.

Покрај стандардните бои, во понудата за редизајнираната G класа сега се наоѓаат и три нови бои на каросеријата кои треба да асоцираат на минатото, а тоа се Classic Grey, Deep Green и China Blue. Tука се и новите 20-инчни алуминиумски тркала. За најевтиниот модел на G класа (G 350d) без дополнителни додатоци ќе треба да се издвојат 99.447 евра, додека најскапата верзија (AMG G63) чини 154.309 евра.

Mercedes G

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close