Mercedes ја претстави караванската верзија на новата E-Класа
Караванската изведба на новата E-Класа има повеќе простор, плус динамична линија на покривот и подобар PHEV погон од претходно
Mercedes-Benz зад себе има петдецениска традиција во производството на спектакуларни каравани, но новата E-Класа Estate веројатно ќе биде најпосакуваниот ваков автомобил на германската марка досега. Претходните каравански изведби од E-Класа беа главно прилично разумни, но најновиот модел W214 што ќе се најде во европските продажни салони од оваа есен, има атлетски пад на покривот што му дава на Estate навистина динамичен изглед.
Повеќе простор, но помалку капацитет
Најновиот E-Класа Estate усвојува поспортски, стилски дизајн, многумина ќе претпостават дека финалниот производ ја плаќа цената со помала практичност. Но, од Mercedes велат дека тоа не е случајот истакнувајќи дека новиот автомобил има фракционо повеќе внатрешен простор во секое мерење, освен просторијата за предните рамења (која е непроменета), и дава видливи подобрувања во просторот за нозете на задниот дел, главно поради истегнувањето на меѓуоскиното растојание од 22 мм.
Но, споредувањето на димензиите на багажникот на старите и новите модели покажува дека новиот автомобил дефинитивно жртвувал малку простор за конечниот стил. Додека бројките за спуштените седишта велат дека багажниот капацитет е речиси незабележливо подобрен од 1.820-1.830 литри, со поставените задни седишта тој всушност се намалува од 640 на 615 литри.
Добрата вест за купувачите на plug-in хибридниот модел е што подот веќе нема големо скалило предизвикано од локацијата на батеријата, но целокупниот простор е повторно многу помал отколку кај обичните модели со согорување. Но, и тука багажниот простор е благо опаднат на 460 литри наспроти претходниот модел.
Зголемен PHEV опсег
Единствената plug-in хибридна опција во европската постава за оваа есен е E300e, која комбинира 2,0-литарски бензинец со четири цилиндри со 204 КС и електричен мотор од 127 КС поставен во деветстепениот автоматски менувач. Вкупната моќност на системот од 312 КС е доволна за спринтот од нула до 100 километри на час да се достигне за 6,5 секунди, а батеријата од 25,4 kWh се тврди дека нуди над 100 км опсег на возење, што е за двојн повеќе од актуелниот модел.
Mercedes најавува дека повеќе четирицилиндрични PHEV со дизел и бензински мотори ќе дојдат во Европа нешто подоцна, како и шестцилиндричен дизел, но на почетокот единствените други погонски опции се двата 2,0-литарски благи хибриди. E200 со 204 КС и E220d дизел со 197 КС се пренесени директно од седанот, но тука имаат електромотор со 23 КС наместо 20 КС.
Како и седан верзиите, така и караванските изведби од E-Класа може да се добијат опционално со воздушно потпирање на Mercedes на сите четири агли, но Estate оди еден чекор погоре од седанот со тоа што нуди стандардна воздушна суспензија на задниот дел на секој модел и верзија.
Куп технологии
Освен тоа, станува збор за сосема истата Е-Класа што беше претставена во април кога Mercedes го откри седанот за 2024 година, што значи дека пристигнува со еден куп технологија, почнувајќи од стандардниот екран на контролната табла MBUX Superscreen што може да се прошири на совозачката страна на автомобилот како опција. Екранот на патниците може да проследува ТВ и видео содржини, дури и додека сте во движење, но секогаш кога возачот ќе се обиде да фрли поглед и прикрадно да погледне, камерата ќе го забележи потегот и ќе го затемни екранот.
Има и селфи камера и компатибилност со апликациите Zoom и Webex што овозможуваат видео-конференции кога автомобилот е паркиран, а инфозабавниот екран може да ги прикажува TikTok и игрите како Angry Birds. И новиот систем за визуелизација на звукот го преведува звукот на музиката и ефектите од филмовите и апликациите што се репродуцираат преку Hi-Fi во пулсирања од поставката за Active Ambient Lighting.
Друга, потенцијално покорисна технологија вклучува дигитален клуч (сега и за Apple и за Android) и автоматизиран систем за паркирање, од кои и двата се вградени стандардно. Таков вид паркирање мора да се прави со возачот во автомобилот, но надградбите на далечински паркинг (преку паметен телефон) и паркинг со меморија (кој може да складира 5 различни маневри) се достапни опционално, како и прединсталацијата за автоматско паркирање со камериер.