fbpx

Mercedes-Maybach ќе понуди нов вид на суспензија

Германскиот автомобилски гигант Mercedes-Benz развива за идните луксузни модели на Mercedes-Maybach суспензија на основа на најсовремените технологии

Ова го најави Autocar, цитирајки го главен инженер на Mercedes-Maybach, Јерген Вајсингер.

Mercedes-MaybachВајсингер појасни дека суспензијата побрзо ќе комуницира со камерите кои ја анализираат сообраkајна програма и ќе може подобро да ги прилагодува поставките за посигурно возење.

Тој додаде дека на моделите ќе има и нов автоматски менувач, каде што брзините ќе се менуваат почесто за подобра удобност на патниците.

Се очекува новите технологии да дебитираат кај кросоверот Mercedes-Maybach GLS на автомобилскиот салон во Лос Анџелес, кој ќе се одржи во ноември оваа година.

Вајсингер исто така, посочи дека Mercedes-Benz не исклучува сериско производство на кросоверот по мотиви на прототипот Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury кој беше прикажан на автосалонот во Пекинг минатиот месец. Новиот модел ќе биде како Mercedes-Maybach GLS, но сепак, конечната одлука за производство ќе се донесе ако потенцијалните купувачи дадат согласност подготвеност да купат таков автомобил.

Mercedes-Maybach

Поврзани вести

Back to top button