fbpx

Mercedes направи камперска верзија на електричниот EQV

Mercedes-Benz го претстави своето прво електрично камперско возило кое е базирано на EQV и е достапно на европскиот пазар

Германскиот гигант Mercedes, кој во своето портфолио има камперски варијанти на комбињата Vito и V-Класа, премиерно ја прикажа камперската верзија на електричниот EQV. Ова целосно електрично возило е претворено во кампер во соработка со швајцарската компанија Sortimo Walter Ruegg PLC.

Конверзијата вклучува покрив кој се отвора нагоре и во него има кревет, а како опција се нудат и интегрирани соларни панели, модуларна креветна единица во задниот дел од возилото и мала кујна. Истовремено, EQV камперот може да се користи и како патничко возило со поставување на задните седишта.

Во внатрешноста камперите ќе добијат чувство на интима благодарение на затемнетите задни стакла, осветлувањето на ентериерот, USB портови за полнење на нивните уреди, MBUX инфозабавен систем, како и ротирачки седишта во предниот ред.

Малата кујна на задниот дел ви нуди се што ви е потребно за подготвка на оброк во дивината, вклучително и лавабо, отстранлив шпорет на гас, фрижидер и фиоки за складирање на кујнски прибор. Сите тие се комбинирани во компактна кутија која може да се постави во багажникот на EQV, оставајќи простор за преклопувачкиот кревет над неа.

Две верзии

Модулите се дизајнирани да бидат лесни, со оглед на тоа дека тежината е важен фактор за електричниот опсег на движење. Дополнително, соларните панели на покривот можат да произведат 400 вати, придонесувајќи за полнење на акумулаторот и на помошната батерија за кампување.

EQV е достапен во две должини – 5.140 и 5.370 милиметри. Моделот е опремен со електромотор кој испорачува 204 КС и 362 Nm кои се испраќаат на предната оска. Кога станува збор за батериите, EQV 250 има 60 kWh батериска единица која овозможува опсег на движење од 213 до 236 километри според WLTP, додека EQV 300 има поголема 90 kWh батерија и опсег од 326 до 363 километри. Оваа батерија може да се наполни од 10 до 80 проценти за 45 минути кога е конектирана на 110 kW брз полнач.

Клаус Рекуглер, шефот на продажба и маркетинг во Mercedes-Benz Vans, истакна дека овој пазар е од стратешка важност за компанијата, додавајќи дека иднината на овие возила е електрична. Mercedes не објави колку чини оваа конверзија.

Поврзани вести

Back to top button