Mercedes со ново видео за EQS, фокусот е на иновативниот Hyperscreen

Mercedes-Benz објави ново видео во кое е прикажан иновативниот Hyperscreen инфозабавен систем кој ќе се најде кај новиот електричен EQS седан

Германскиот производител се обидува да го одолговлечи лансирањето на Mercedes EQS, а во своето најново видео посветено на електричниот седан, компанијата нуди увид во новиот и иновативен Hyperscreen кој ќе биде дел од инфозабавниот систем. Видеото нуди кратка тура низ некои од клучните елементи на ентериерот, почнувајќи со сончевиот покрив на EQS, кој за разлика од она што го нуди конкуренцијата, тука се отвора со замавнување на раката.

Кога станува збор за Hyperscreen, тој е сочинет од дигитален инструмент кластер, масивен инфозабавен екран и дополнителен екран за совозачот. Сето тоа е инкорпорорирано во единечно парче на закривено стакло кое има „хаптички фидбек“. Во видеото е прикажан навигацискиот систем на дело и потврдува дека екранот ќе биде исклучително респонзивен на допир.

MBUX Hyperscreen е мозокот и нервниот систем на автомобилот. Овој систем континуирано ќе го запознава корисникот и ќе нуди персонализирана инфозабава и функционирање уште пред возачот да мора да кликне некаде“, изјави Сажад Кан.

Mercedes-Benz EQS ќе биде поставен на новата Electric Vehicle Architecture платформа на компанијата и ќе има дизајн инспириран од Vision EQS концептот. Автомобилот се очекува да биде продаван во различни варијанти и нивоа на опременост, а се очекува најмоќната варијанта да има 700 километри автономија на движење со едно полнење.

Премиерата на EQS се очекува наскоро бидејќи Mercedes има намера да започне со производството во првата половина на оваа година во својата Factory 56.

Поврзани вести

Back to top button