fbpx

Mercedes објави официјален цртеж за новата S Класа

Германски Mercedes го објави веројатно последниот тизер за новата S Класа во пресрет на премиерата која е закажана за 2 септември

Mercedes продолжува со промотивните активности во пресрет на својот лимузински знаменосец. Германскиот бренд започна со одбројувањето до долгоочекуваната премиера на новата S Класа. Настанот ќе се случи на 2 септември, а во пресрет на сето тоа објавен е и официјалниот цртеж за автомобилот.

Дел од најважните промени кои ќе пристигнат со новата S Класа која ќе го „редефинира автомобилскиот луксузен сегмент со голем број иновации“. Почнувајќи од екранизираниот ентериер, па преку предните воздушни перничиња за патниците на задниот дел, веќе видовме дел од промените кои ќе пристигнат со новата генерација.

Последниот тизер покажува атрактивен цртеж за новата генерација на автомобилот, а како што е и вообичаено со ваквиот тип на слики, цртежот има за задача да создаде впечаток дека возилото е значително поатрактивно отколку во реалноста. Поради тоа, не треба да се очекува дека изгледот на автомобилот ќе биде идентичен со цртежот.

Новата S Класа е важна за Mercedes и од друга причина и не се однесува само на конкретниот автомобил. Имено, германската марка технологијата и решенијата кои ќе ги прикаже во ова возило ќе ги примени и на своите останати модели. Исто така, автомобилот ќе се произведува во фабриката 56, која се смета за најмодерниот објект за производство на автомобили. Новиот седан ќе биде првиот автомобил кој ќе се прави таму.

Покрај промените во внатрешноста, останува да се види што ќе се случува под хаубата и какви погонски единици ќе понуди Mercedes. Исто така, се очекува S Класата да остане само на седан, бидејќи постоеја некои најави дека купе и кабрио верзиите веќе нема да постојат, а на нивно место ќе пристигнат AMG GT и SL варијантите.

Поврзани вести

Back to top button