fbpx

Mercedes објави тизер за EQE, најави електрични Maybach и AMG модели

Германски Mercedes ги најави своите планови за престојниот Салон за автомобили во Минхен со осум премиери, од кои пет ќе бидат целосно електрични

Поставата на целосно електрични возила на Mercedes се очекува да „експлодира“ оваа година, откако германскиот производител веќе претставу неколку нови модели, но тоа е далеку од крајот. На престојниот Салон за автомобили во Минхен во септември, Mercedes ќе го претстави својот модел EQE, новиот електричен седан кој ќе биде поставен под EQS кој беше претставен претходно оваа година. Сепак, EQE е само еден од петте нови кои ќе бидат покажани на настанот.

Покрај новиот EQE ќе дебитира и „првиот електричен луксузен седан“ на AMG, како и Mercedes-Maybach концептот. Од Mercedes не објавија конкретно за тоа кои ќе бидат овие модели, иако се очекува да дебитира AMG EQS заедно со Maybach EQS SUV концептот, кој беше најавен со тизери претходно овој месец. Mercedes исто така ќе го покаже и EQB кој дебитираше во април, а на Салонот ќе ја доживее својата европска премиера.

Кога станува збор за самиот EQE, Mercedes ги објави и првите тизери од ентериерот, а не треба да се очекува овој модел да се разликува многу во однос на поголемиот EQS кога станува збор за надворешноста и внатрешноста. Во фотографиите кои ги сподели Mercedes, може да се забележи дека EQE исто така ќе го добие новиот Hyperscreen кој дебитираше кај EQS. Остатокот делува идентично, а тизер фотографијата од екстериерот не открива многу за дизајнот на моделот.

Премиера за првиот перформансен хибрид на AMG

Кога станува збор за остатокот од моделите кои треба да дебитираат, на сцената ќе настапи и уште еден бренд на Daimler, а тоа е Smart, кој ќе го покаже својот електричен кросовер.

Покрај електричните возила, Mercedes-AMG ќе го искористи Салонот во Минхен за претставување на својот прв перформансен хибрид. Тоа е GT 73 моделот кој ќе пристигне со 4,0-литарски V8 мотор, 6,1 kWh батерија, погон на сите четири тркала и електромотор поставен на задната оска кој ќе испорачува до 204 КС и 320 Nm вртежен момент. Од компанијата претходно најавија дека вкупната системска моќ ќе биде над 816 КС и 1000 Nm, а тоа треба да овозможи спринтот од 0 до 100 км/ч да се достигне за помалку од три секунди.

На крајот Mercedes ќе ги претстави и новате S-Класа Guard и S-Класа All-Terrain.

Mercedes EQE

Поврзани вести

Back to top button