fbpx

Mercedes-Benz, Porsche и BMW плаќаат огромни казни во Јужна Кореја

Три од најголемите германски автомобилски компании ќе треба да платат сериозни казни во Јужна Кореја за прекршување на правилата за штетните емисии, соопштува Reuters

Mercedes-Benz, Porsche и BMW ќе треба да платат вкупно 70,3 милијарди вони – околу 63 милиони американски долари, откако се покажа дека им понудиле на властите во Јужна Кореја документи кои содржат лажни информации. Во нив намерно ги намалиле нивоата на емисии на моторите на нивните модели. Освен тоа се покажува дека германските компании правеле промени на некои компоненти на своите автомобили, а целта била иста – намалување на процентот на штетните гасови. Сепак, тие не ги добија релевантните дозволи за такви промени на моделите продавани на локалниот пазар.
Јужна Кореја
Интересно е дека поголемиот дел од казната – 60,8 милијарди вони (54,3 милиони долари),ќе треба да биде платена од BMW. Баварците се обвинети од Министерството за животна средина на Јужна Кореја и во двете нарушувања на правилата на продажба на автомобили.
Јужна Кореја

Поврзани вести

Back to top button