fbpx

Mercedes сака исклучиво ЕВ постава, но транзицијата ќе потрае

Електричната офанзива, особено на европско тло, зема се поголем замав, каде се поголем број брендови се насочуваат кон исклучиво ЕВ, а меѓу нив е и Mercedes

Mercedes во изминативе неколку години претстави неколку целосно електрични модели и еден куп на ЕВ концепти со кои се најавуваат новите и престојни производи. Но, компанијата сака да ја забрза транзицијата и да стане целосно електричен бренд. Сепак, иако темпото се забрзува, сепак ќе бидат потребни неколку години, веројатно и повеќе од една деценија, пред моторите со внатрешно согорување да ја напуштат поставата на Mercedes во целост.

Новиот извештај од Automobilewoche, кој го пренесува Automotive News Europe, објавува детали за новата стратегија на компанијата со која има намера да ги елиминира повеќето мотори на внатрешно согорување од поставата на Mercedes до 2030 година. Сепак, компанијата нема да постави конечен рок околу тоа кога дефинитивно ќе ги исфрли истите. Mercedes се надева дека повеќето конвенционални мотори ќе ги нема до крајот на деценијата, но тоа ќе зависи и од потребите и побарувањата на одредени пазари, особено оние кои немаат адекватна полначка инфраструктура.

Наскоро откривање на плановите

Mercedes планира да го понуди секој свој модел во поставата со целосно електрична верзија, со што ќе ги пренасочи својата поддршка и логистика на корпоративно ниво за електричните возила и е на добар пат да го направи тоа. Само оваа година, Mercedes ги претстави моделите EQB и EQA, а тука не е вклучен EQT концептот. Подоцна годинава ќе пристигне и EQE седанот, веројатно заедно со EQS SUV моделот, кој би можел да дебитира и следната година. Ова веќе е силна електрична постава.

Се чини дека нема да мораме да чекаме многу за да добиеме целосен преглед на плановите на компанијата. Извештајот открива дека извршниот директор на Daimler, Ола Калениос, ќе има „стратешки ден“ на 22 јули каде планира да го објави деталите, но останува нејасно дали овој настан ќе биде јавен. И покрај тоа, компанијата планира да најави дека развива нови ЕВ платформи за повеќе модели и свој сопствен софтверски оперативен систем. Mercedes можеби не објавува рокови за исчезнувањето на бензинските и дизел моторите, но дефинитивно не ги крие своите планови за иднината.

Поврзани вести

Back to top button