fbpx

Mercedes се пофали со силуетата на новиот EQS

Mercedes-Benz се подготвува за премиерата на новата електрична лимузина EQS со што ќе заплива во водите на пазарот со луксузни електрични автомобили

Германскиот производител се наближува до премиерата на долгоисчекуваниот EQS модел, а доказ за тоа е и засилената тизер кампања на Mercedes. Пред неколку дена беше објавено и првото видео од ентериерот кој го вклучува и целосно новиот, иновативен MBUX Hyperscreen, а сега фокусот е ставен на екстериерот, односно профилот на луксузниот електричен седан.

Сепак, технички не станува збор за седан, туку за liftback, бидејќи поседува попрактичен заден отвор, додека помалиот EQE, кој исто така пристигнува оваа година, ќе има потрадиционален отвор на багажникот. Од она што може да се забележи, електричната варијанта на S Класата ќе добие и сокриени рачки на вратите кои се извлекуваат по потреба, а во овој случај тие имаат двојна функција, каде покрај дизајнерскиот елемент, имаат задача и да го оптимизираат протокот на воздух за подобра ааеродинамика со што се подобрува ефикасностса на електричниот автомобил.

Поради истата причина, со цел да го направи профилот што е можно помазен, Mercedes ги постави ретровизорите нешто пониско на вратите, наместо на базата на А-столбоввите каде што вообичаено се поставени. EQS ќе биде поставен на целосно новата платформа развиена од нула специјално за електричните возила.

Од информациите кои беа претходно објавени, продукцискиот модел ќе нуди повеќе од 700 километри опсег на движење со едно полнење според WLTP циклусот, заедно со брзополнечка способност на 350 kW, со што батеријата ќе се полни до 80 проценти за помалку од 20 минути.

Според она што го вели Ола Калениус, извршниот директор на Mercedes-Benz, EQS моделот ќе биде на едно посебно ниво, без директен ривал, додека EQE ќе оди на мегдан со Tesla Model S, Audi e-Tron GT и Porsche Taycan.

Премиерата на EQS се очекува оваа пролет, а во 2022 година ќе пристигне и SUV верзија на EQS, како и на EQE.

Поврзани вести

Back to top button