fbpx

Mercedes со прв тизер од внатрешноста на рестилизраната Е-класа

Германскиот производител Mercedes објави фотографија од командната табла во пресрет на онлајн премиерата на освежената Е-класа во купе и кабрио верзија

Mercedes на 27 мај ќе го претстави освежениот купе Е-класа, но и редизајнираниот кабриолет, а двата модели ќе имаат идентичен ентериер. Mercedes ја објави првата фотографија од внатрешноста на возилата со што јавноста може да забележи како од аголот на возачот ќе изгледа погледот кон командната табла на овие автомобили.

Очекувано, Mercedes се одлучи за целосна дигитализација во внатрешноста, па исто како и кај останатите најнови модели од гамата и Е-класата во купе и кабрио варијанта ги опреми со два големи споени екрани, налик широк таблет. Левиот екран ја менува конвенционалната инструмент табла, додека десниот го опслужува инфозабавниот систем.

Во поевтините пакети на опременост, екраните ќе пристигнат со големина од 10,25 инчи, а во побогатите со 12,3 инчи. Значителна новина во рестилизираните купе и кабрио верзии од Е-класа претставува современиот мултифункционален управувач сличен на оној од лимузинската верзија на рестилизираната Mercedes Е-класа, а истиот управувач ќе се најде и кај новата S-класа.

Поврзани вести

Back to top button