fbpx

Mercedes со првите фотки го најави новиот AMG SL

Германската компанија Mercedes веќе работи на создавањето на новата генерација на славниот SL, откако претходно годинава беа уловени прототипите

Новата генерација на Mercedes-AMG SL официјално влезе во фаза на тестирање на патиштата, а Mercedes го одбележа напредокот во развојот со неколку официјални фотки покажувајќи го предпродукциските возила на германските патишта. Овој пат, SL ќе биде исклучиво Mercedes-AMG модел, наместо да има своја AMG варијанта.

„Следната генерација на легендарниот SL Roadster се враќа на своите корени, кои се наоѓаат во мотоспортот уште од 1952 година. Mercedes-AMG како бренд за перформансни и спортски автомобили на Mercedes-Benz AG, одговорно ја презеде задачата за општ развој на реинтерпретацијата на легендарниот автомобил“, велат од компанијата.

Mercedes SL

„Следејќи ги продолжените дигитални развојни чекори, тестот содржи возења и симулаторски проби, а новиот спортски автомобил сега влегува во закажана фаза на разни динамички возачки тестови во сопствениот тестирачки и технолошки центар во Имендинген, како и на некои јавни патишта во некои случаи“.

Автомобилот се очекува следната година, најверојатно како модел за 2022 година. Целосно новиот SL најверојатно ќе го отфрли тврдиот покрив во корист на мекиот, додека некои непотврдени извештаи индицираат дека можеби ќе добие и две мали задни седишта. Развиен од страна на Mercedes-AMG, ќе биде изграден на MSA платформата и би требало да понуди добар баланс меѓу удобноста и спортското уживање.

Mercedes SL

Моторниот опсег допрва треба да биде потврден, но може да вклучува 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со 429 КС, потоа 4,0-литарски V8 мотор со 515 КС, како и AMG варијантата на V8 во SL 63 со 604 КС. На врвот на понудата може да се најде SL 73 перформансниот plug-in хибрид со 800 КС.

Поврзани вести

Back to top button