fbpx

Mercedes ќе го произведува електричниот SUV во Алабама

Mercedes планира да ја реновира и прошири својата фабрика во Ванс, во Алабама, каде што ќе се произведува електричен SUV на подмарката EQ, што значи дека во фабриката ќе бидат вложени околу една милијарда долари

Производството на електричниот модел треба да започне во 2019 година, а Mercedes планира целосно да го електрифицира моделот на брендот до 2022 година.

– Веќе имаме капацитети за производство на електрични автомобили и батерии во Европа и Кина, а сега ќе ги додадеме и САД и тоа значи дека нашата глобална мрежа е подготвена за ерата на електрични автомобили, истакна членот на одборот на компанијата, Маркус Шефер. – Благодарение на планираната модернизација, ќе можеме брзо да го зголемиме нашето производство на електрични возила на американскиот пазар.

Се уште нема информации за тоа колку дополнителни работни места ќе се најдат во фабриката, но се очекува да бидат над 600, а во блиската фабрика, Mercedes исто така ќе произведува батерии за електрични возила.
Mercedes
Дилерите на Mercedes во Норвешка веќе примаат нарачки за првиот електричен SUV на EQ, со капар од околу 2500 долари, а првите испораки се очекуваат во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button