Mercedes во последна фаза од тестирањето на EQA прототипот

Германскиот бренд ќе го претстави својот нов електричен SUV во текот на оваа годиина, а веќе најави и нови хибриди за престојниот Саем во Женева

Новиот GLA, како осми модел, ја заокружува актуелната генерација на компактни возила на Mercedes-Benz. Електричниот модел во форма на EQA ќе следува кон крајот на годинава. Во меѓувреме, Mercedes EQA е „уловен“ при тестирањето во зимски услови во Шведска. Веќе стана вообичаена пракса во автомобилската индустрија новите електрични автомобили често да се тестираат во мошне студени услови, а причина за тоа е фактот дека истите драматично губат од својата автономија на движење при ниски температури.

Поради тоа, произведувачите се обидуваат да ги минимизираат последиците од студот на електричните возила, па поради тоа голем број од испитните процеси се одвиваат во земјите на северот од Еворпа. EQA е всушност електрична верзија на моделот GLA, и по првпат беше претставен како концепт во 2017 година во Франкфурт. Оттогаш мина долг пат и сега е речиси подготвен за производство.

Mercedes EQA

Евалуацијата на EQA прототипот и следење на системите за контрола на триење на електричниот кросовер и обновувањето на енергијата на мраз и снег, заедно со осигурување дека сите систем за безбедност на автомобилот работата според плановите.

Mercedes се уште не открива податоци во врска со електричниот кросовер, но концептуалното издание располагаше со 268 КС и 499 Nm. Тој модел беше во состојба со едно полнење на батериите да мине 400 километри, но тоа беше според оптимистичниот NEDC циклус, односно реалната вредност е далеку помала. Германскиот бренд ќе го произведува EQA во фабриката на Smart во Франција, каде се вложени 500 милиони евра за подготовка на теренот за склопување на овој електричен SUV.

Mercedes најави нови возила со EQ Power технологијата за Саемот во Женева

Но, тоа не е се кога станува збор за Mercedes. Имено, германскиот производител ќе го комплетира EQ Power семејството на компактни возила со дополнителни спортски модели со третата генерација на хибриден погон. Паралелно со тестирањата на Mercedes EQA, германската компанија ја проширува својата линија на plug-in хибриди под брендот EQ Power, а на Саемот во Женева ќе претстави дополнителни модели со оваа технологија. Со новите EQ Power компактни возила, во прв план се електричното уживање и погодноста за секојдневна употреба.

Еден клучен аспект од одржливата работа стратегија на Daimler AG е електричната мобилност. Со својата иницијатива Ambitio 2039, Mercedes-Benz работи на тоа да биде во можност да понуди CO2-неутрална нова флота на возила за 19 години.

Еден важен аспект од одржливата мобилност е транспарентноста. Поради тоа Mercedes-Benz AG е првиот премиум производител на автомобили кој своите цели за заштита на климата научно ги верификуваше од страна на Science Based Targets Initiative (SBTI). Тоа значи дека компанијата е во склад со барањата на Парискиот светски климатски договор.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close