Mercedes започнува заеднички проект со Geely од 780 милиони евра
Компаниите Mercedes-Benz и Geely договорија соработка и заедно ќе лансираат Smart електрични возила, а целиот проект е вреден 780 милиони долари
Mercedes и Geely ќе вложат по отприлика 390 милиони долари и во Кина ќе изградат „премиум верзија на интелигентните електрични возила“ кои ќе се продаваат под името Smart, а ќе се изработуваат во Нингбоу, јужно од Шангај.
Како што пренесоа од Geely и Mercedes, ова возило како главна база ќе ги има Кина и Германија, Mercedes ќе работи на дизајнот додека Geely ќе биде задолжен за инженерскиот дел од работата.
Кога во март 2019. година објавија дека ќе дојде до соработка, најавија дека ќе ја развиваат следната генерација на Smart електрични возила и дека таа ќе се најде во продажба од 2022. година, а според последните информации тоа нема да се менува.
„Ги добивме сите неопходни дозволи за работа и подготвени сме да влеземе во заедничка авантура со нашиот партнер Geely и за тоа се подготвуваме веќе со месеци. Оваа соработка ќе донесе нова генерација на возила кои не ја загадуваат околината“, изјави Ола Калениус, еден од директорите на Daimler и Mercedes-Benz.